Пештера Јаорец (Велмеј)
„Пештера Јаорец“
| |
Местоположба | 41°17′36″N 20°56′38″E / 41.29333° СГШ; 20.94389° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Велмеј |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | палеолитско време |
Портал „Археологија“ |
Пештера Јаорец — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува засолниште од палеолитот.
Се наоѓа во пештерата Јаорец на околу 3,5 км воздушна линија источно од селото, десно од Јаоречка Река, во југозападното подножје на Илинска Планина. Влезот има калотест облик (ширина 5 м и висина 7 м). Внатрешноста се расчленува во ходници од кои првиот е долг околу 35 м. Со палеонтолошките истражувања се најдени остатоци од 30 примероци на пештерска мечка (Ursus spelaeus), со временска припадност на горниот плеистоцен.[1]
Според досегашните сознанија, се претпоставува дека најверојатно пештерата била населена од палеолитски ловци, а подоцна, во другите археолошки периоди, била користена како засолниште. Ова последново е утврдено врз основа на подебелите слоеви од пепел и фрагментирана керамика.[1]
Поврзано
уреди- Селиште Јаорец — блиско наоѓалиште, населба од развиениот и доцниот среден век
- Праисторија на Македонија
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 243. ISBN 9989-649-28-6.