Грамаѓе (Велмеј)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Грамаѓе“
| |
Местоположба | 41°17′25″N 20°54′53″E / 41.29028° СГШ; 20.91472° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Велмеј |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Грамаѓе — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од железното време.
Се наоѓа на 1,5 км југоисточно од селото, во југоисточното подножје на Пејков Рид, лево од меѓуселскиот пат Велмеј-Брежани за околу 800 м, а од десната страна на Суви Дол. Во нивата на Серафим и Јордан Божиноски е пронајдена некропола. При обработувањето биле откривани групации на камења и фрагментирана керамика, кои се депонирани по западниот раб на Суви Дол и западната меѓа на нивата каде што и денес можат да се забележат. Во близината на овој простор, во нивата на Петре и Чедомир Илчески бил откриен гроб со конструкција од бигорни плочи, во кој била најдена тока за ремен.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 242. ISBN 9989-649-28-6.