Горнополско Градиште (Велмеј)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Горнополско Градиште

Карта

Местоположба 41°16′44″N 20°55′25″E / 41.27889° СГШ; 20.92361° ИГД / 41.27889; 20.92361
Основни податоци
Место Велмеј
Општина Дебрца
Тип

 утврдена населба


Период ран среден век
Портал „Археологија“

Горнополско Градиштеархеолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од раниот среден век.

На околу 2,5 км воздушна линија југоисточно од селото, лево од меѓуселскиот пат Велмеј-Брежани и западно од Јаоречка Долина има висок рид со надморска височина од 1.018 м. На зарамнетиот врв на ридот се гледаат остатоци од бедем (особено на северната и источната страна) граден од камен и варов малтер, широк 1,25 м, а во внатрешноста има остатоци од основи на градби и растурен градежен материјал.[1]

Во североисточниот дел од градиштето се раскопани остатоци од христијански сакрален објект со димензии од 9,50 × 5,50 м. Во близината се забележува и една четвртеста просторија (можеби водосклад) изделкана во карпа, со димензии од 3,5 × 3,5 м. По целиот простор од градиштето и по стрмните источни и јужни падини се среќаваат фрагменти од средновековна керамика, тули и покривни ќерамиди.[1]

Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 242. ISBN 9989-649-28-6.