Средна Горица (Велмеј)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Средна Горица

Карта

Местоположба 41°17′35″N 20°52′37″E / 41.29306° СГШ; 20.87694° ИГД / 41.29306; 20.87694
Основни податоци
Место Велмеј
Општина Дебрца
Тип

 некропола


Период ранословенско време
Портал „Археологија“

Средна Горицаархеолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од ранословенско време.

Се наоѓа на 2,2 км западно од селото, на потегот меѓу Грко Поле и Велмеј, на средната од трите „горици“ - тумби, што се протегаат на овој простор. Според В. Лахтов, по западната падина се забележувале остатоци од поголем број растурени гробни конструкции од бигорни камени плочи, со насоченост исток-запад. Од сопственикот на нивата (Злате Наумоски од Велмеј) во 1953 г. било откупено керамичко сатче со временска припадност на доцната антика. При копањето на една мала контролна сонда во 1957 година В. Лахтов открил разурнат гроб и во него златен прстен. Денес просторот е обраснат со трева, а од гробните конструкции нема видливи траги.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 243-244. ISBN 9989-649-28-6.