Калуѓерица (Велмеј)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Калуѓерица

Карта

Местоположба 41°17′53″N 20°54′5″E / 41.29806° СГШ; 20.90139° ИГД / 41.29806; 20.90139
Основни податоци
Место Велмеј
Општина Дебрца
Тип

 некропола


Период ран среден век
Портал „Археологија“

Калуѓерицаархеолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна некропола. Се наоѓа северозападно од селото, на падините на ридот што се издига на околу 500 м над горниот пат за селото Средоречие. Падините се оголени под атмосферското влијание, така што своевремено се забележувале гробови градени од бигорен камен. Некој од нив биле диво раскопани, а дел од наодите се откупени, за Народниот музеј во Охрид. Двајца различни земјоделци во своите ниви при земјоделските работи наидувале на човечки коски, а други жители наоѓале археолошки материјал (монети и др).[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 242, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069