Велмешко Градиште
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Велмешко Градиште“
| |
Местоположба | 41°18′34″N 20°55′12″E / 41.30944° СГШ; 20.92000° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Велмеј |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | бронзено време |
Портал „Археологија“ |
Велмешко Градиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од бронзеното време.
Се наоѓа на возвишението Градиште, 1,8 км североисточно од селото по воздушна линија , на неколку стотици метри јужно од наоѓалиштето Селце. Односниот простор има два рида со седлест дел меѓу нив, со надморска височина од 1.294 м. На западната страна се забележуваат остатоци од тврдинска сувоѕидица во должина од 70-80 м. Површински наоди недостигаат најверојатно поради големата обраснатост со растителност.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 241. ISBN 9989-649-28-6.