Петте Дабје (Велмеј)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Петте Дабје

Карта

Местоположба 41°17′20″N 20°54′24″E / 41.28889° СГШ; 20.90667° ИГД / 41.28889; 20.90667
Основни податоци
Место Велмеј
Општина Дебрца
Тип

 некропола


Период римско време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Петте Дабјеархеолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од римско и доцноантичко време.

Се наоѓа на околу 1 км југоисточно од селото, лево од меѓуселскиот пат Велмеј-Брежани, на простор кој образува блага падина, а целиот претворен во обработливи ниви и лозја. Во нивата на Соте Галабоски при орањето се откриени повеќе археолошки предмети (железни ножеви, делови од узди, белезици, бронзени обетки, стаклени садови и керамички фрагменти) кои припаѓале на некропола која постоела мошне долго време.[1]

Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 243. ISBN 9989-649-28-6.