Писан Камен (Велмеј)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Писан Камен“
| |
Местоположба | 41°17′29″N 20°56′37″E / 41.29139° СГШ; 20.94361° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Велмеј |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Писан Камен — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од железно време.
Се наоѓа на околу 3,5 км југоисточно од селото, десно покрај Јаоречка Река и на околу 300 м јужно од наоѓалиштето Пештера Јаорец. Претпоставката за присуство на некропола е дадена врз основа на еден случаен наод златна спирална белезица со завршоци во облик на змиски глави, најдена од жител на селото Брежани.[1]
Поврзано
уреди- Пештера Јаорец — блиска пештера, засолниште на ловци од палеолитот
- Селиште Јаорец — блиско наоѓалиште, населба од развиениот и доцниот среден век
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 243. ISBN 9989-649-28-6.