Пиринејски Полуостров

голем полуостров во југозападна Европа
(Пренасочено од Ибериски Полуостров)

Пиринејскиот Полуостров (или Ибериски Полуостров, од шпански и португалски: Península Ibérica) — голем полуостров сместен на крајниот југозападен дел од Европа. На југ и на исток излегува на Средоземното Море, а на север и запад на Атлантскиот Океан. Пиринеите го формираат североисточниот дел од полуостровот, поврзувајќи го со остатокот од Европа. Кај Гибралтар на југ, Пиринејскиот Полуостров се приближува до Африка.

Пиринејски Полуостров
Сателитска снимка на полуостровот
Географија
МестоЕвропа
Координати40°30′N 4°00′W / 40.500° СГШ; 4.000° ЗГД / 40.500; -4.000
Површина583.254 км2
Највисоко место3.478 м
Највисока точкаМуласен
Држава
Демографија
Населениеок. 53 милиони

Плуостровот го добил името од планинскиот венец Пиринеи што се протегаат на него. Другото име „Ибериски Полуостров“ води потекло од стариот народ Ибери кој живеел на полуостровот во антиката.

Држави и територии

уреди
Грб Знаме Земја / територија Главен град Површина
(км2)
Население
(контин.)
[1][2]
Удел
(%)
    Андора Андора ла Веља 468 &1000000000008408200000084.082 0,1
    Гибралтар
(британско владение)
Гибралтар 7 &1000000000003369100000033.691 0,0
    Португалија Лисабон 89.015 &1000000001004708300000010.047.083 15,3
    Франција
(Француска Сердања)
Париз 539 &1000000000001203500000012.035 0,1
    Шпанија Мадрид 49.3515 &1000000004373157200000043.731.572 84,5
Вкупно 583.544 &1000000005390846300000053.908.463 100

Јазици

уреди

Предримски јазици

уреди

На Пиринејскиот Полуостров пред римското владеење се говореле следиве јазици:

Историја

уреди

Во 711 година маварската умајадска војска од Северна Африка направила инвазија на визиготска Христијанска Шпанија. Под водство на нивниот водач Тарик ибн-Зијад, тие влегле преку Гибралтар на 30 април, 711 г, и го потчиниле поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров под исламска власт цели осум години. Ал-Андалус (Арапски: الإندلوس) е Арапското име на Пиринејскиот Полуостров дадено од Муслиманските освојувачи.

Во средновековието, полуостровот бил дом на повеќе мали државички. Како и да е, овие држави се зголемувале на сметка на други, сè до завршувањето на Наполеоновите војни (вклучувајќи ја и Полуостровската војна) во 1815. Тогаш бил создаден тоа што денес е и современиот Пиринејски Полуостров, кој се состои од Шпанија, Португалија (без островите Сеута и Мелиља), територијата Гибралтар и Андора.

Наводи

уреди
  1. Census data, "Official Spanish census"
  2. Census data, "Portuguese census department"

Поврзано

уреди