Зорбатово
Зорбатово (грчки: Μικρό Μοναστήρι, Микро Монастири, катаревуса Μικρόν Μοναστήριον, Микрон Монастирион; до 1926 г. Ζορμπάς, Зорбас[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.[3] Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[4]
Зорбатово Μικρό Μοναστήρι | |
---|---|
Координати: 40°42.15′N 22°32.28′E / 40.70250° СГШ; 22.53800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Илиџиево |
Општ. единица | Илиџиево |
Надм. вис. | 12 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.324 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во Солунското Поле, на 43 км западно од Солун, на западниот брег на пресушеното Ениџевардарско Езеро.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Зорбатово било село во Солунската каза. Според порталот на општината Илиџиево, името доаѓа од турскиот збор зор(т), „мака“.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Зорбатово броело 225 жители Македонци христијани и 60 Роми.[5][6] Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Зорбани) преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Зорбат (Zorbat) имало 400 жители Македонци, сите под егзархијата.[5][8] Според грчки извори, селото вратено под Цариградската патријаршија од грчките чети на капетаните Гоно Јотов и Константинос Буковалас.[9] Сепак, во селото имало и народно училиште.
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Зорбас (Ζορμπᾶς) е словенојазично село во Воденската митрополија со 335 жители. Во селото работела грчката пропаганда — имало грчко основно училиште и детска градинка со 42 ученици (22 машки и 20 женски) со 2 учители.[10]
Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Кметот Крсте Канчов бил обезглавен со секира.[11]
Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) Зурба пред Балканските војни се состоело од 50 македонски куќи.[12]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна во Зорбатово влегла грчка војска. Народното училиште било затворено, а инвентарот бил пренесен во грчкото училиште.[13] По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Зорбатово имало 274 жители кои во 1920 г. нараснале на 342 лица.[4]
По 1922 г. поради репресиите 47 жители се преселиле во Бугарија, а во 1924 г. тука се доведени Грци Кариоти од Мал Манастир, Бугарија.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Микро Монастири, превод на името на старото село.[3] Во 1928 г. Зорбатово е претставено како дојденско село со 312 жители од 79 семејства.[14] Според Тодор Симовски, истата година селото било мешана населба со 605 жители.[4] Во 1950 г. во селото се доселени и Каракачани.[3]
Жителите претежно се занимаваат со земјоделство, а помалку со сточарство. Земјиштето е извонредно плодно како последица од пресушувањето на Ениџевардарското Езеро.[4] Се одгледуваат ориз, памук, пченка и луцерка.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 777 | 971 | 1.194 | 1.227 | 1.291 | 1.312 | 1.460 | 1.324 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Кољо Петрушев — револуционер на ВМОРО, претседател на месниот комитет[15]
- Танас Лебанов — револуционер на ВМОРО[16]
- Георгиос Карадимос (Γεώργιος Καραδήμας) — андартски деец, агент од II ред[17]
- Јоанис Карозис (Ιωάννης Καρόζης) — андартски деец, агент оd II ред[17]
- Константинос Каркаманис (Κωνσταντίνος Καρκαμάνης) — андартски деец, четник[17]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Μικρό Μοναστήρι“. Δήμος Χαλκηδόνας. Архивирано од изворникот на 2019-07-04. Посетено на 8 јули 2019.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 320–321. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
- ↑ Ο Μακεδονικός Αγώνας και η λίμνη των Γιαννιτσών
- ↑ Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά (грчки). Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ Ден, бр. 2325, 23 септември 1910, стр. 3.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 28.
- ↑ Даскалов, Георги, Българите в Егейска Македония, София 1996, с. 109.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр.159
- ↑ Бабев, Иван (2013). Помним делата ви. НСА Прес. стр. 224–227.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 60. ISBN 978-960-12-1724-6.