Константинос Буковалас

Константинос Буковалас познат како „Капетан Петрилос“, (грч. Κωνσταντίνος Μπουκουβάλας, Καπετάν Πετρίλος) e грчки офицер, андартски капетан и деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.

Константинос Буковалас
Κωνσταντίνος Μπουκουβάλας
Роден 1877
Гитио, Грција
Починал 1932

Животопис

уреди

Буковалас е роден во 1877 година во селото Гитио, областа Мани на Пелопонез [1]. Потекнувал од истакнатата револуционерна фамилија Буковалас. Во 1898 година завршил во Атинската воена академија. Кон крајот на 1904 година заедно со Јоанис Дафотис навлегол со андарстка чета во Централна Македонија, со цел да се ослаби влијанието на Македонската револуционерна организација под раководство на Апостол Петков.

Кај Ениџевардарското Езеро, Буковалас создал андарска база. Подоцна во ноември 1905 година по големите загуби на луѓе и влошеното здравје се префрлил на Чинар Фурнус (Платанос) [2].

Со месната чета на Гоно Јотов, Буковалас решил насила да принуди неколку македонски села да се откажат од Бугарската егзархија и преминат под духовна јурисдикција на Цариградската патријаршија, со оваа акција биле опфатени селата: Зорбатово (денес Микро Монастири), Кангалич (Врахиja), Крxалиево (Адендро) и Постол (Пела) [3].

Во подоцнежниот период учествувал во подготовката на книгата Јазикот на македонските бугарофони од Георгиос Буковалас. Оваа книга имала за цел да докаже дека Македонците говорат грчки јазик со бугарски елементи [4].

Буковалос во Македонија останал сè до Младотурската револуција по што се вратил во Грција. Константинос Буковалас учествува во Првата балканска војна. Тој со својата чета ја зазел височината Агиос Николаос со што го отворил патот за Јанина. Буковалос се истакнал и во Втората балканска војна и бил награден со орден. Учествувал и во Грчко-турската војна како командант на дивизија, но се разболел и се вратил во Атина.

Починал во 1932 година без да остави наследници.

Извори

уреди
  1. Κωνσταντίνος Μπουκουβάλας - Καπετάν Πετρίλος
  2. ΤΟ ΡΟΥΜΛΟΥΚΙ - ΙΣΤΟΡΙΑ – ΛΑΟΓΡΑΦΙΑ – ΣΥΜΜΕΤΟΧΗ ΣΤΟ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟ ΑΓΩΝΑ[мртва врска]
  3. Ο Μακεδονικός Αγώνας και η λίμνη των Γιαννιτσών
  4. Γ. Μπουκουβάλας, Η γλώσσα των εν Μακεδονία βουλγαροφώνων, Εν Καΐρω, 1905.