Здралци

село во Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Здралца)

Здралци (Здралца или Зрелци; грчки: Αμπελόκηποι, Амбелокипи; до 1926 г. Σδράλτση, Сдралци[2] — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. До денес е населено исклучиво со Македонци.[3]

Здралци
Αμπελόκηποι
Здралци is located in Грција
Здралци
Здралци
Местоположба во областа
Здралци во рамките на Рупишта (општина)
Здралци
Местоположба на Здралци во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°27.57′N 21°18.36′E / 40.45950° СГШ; 21.30600° ИГД / 40.45950; 21.30600
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаЈон Драгумис
Надм. вис.&10000000000000618000000618 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно630
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се намира на 3 километра югоизточно от Костурското Езеро, на пътя от Дупјак за Богатско. Землището на Здралци е 11 км2.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди
 
Икона на св. Модест од XVIII век во Здралци

На почетокот на XIX век францускиот конзул кај Али-паша Јанински Франсоа Пуквил го спомнува селото како Sdreotza.[4] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) веи дека Стралица се состои од 30 македонски куќи, 45 семејни двојки и 75 нуфузи (глави на семејства). Жителите се занимавале со земјоделство, градинарство и обработување на туѓа земја.[5][6]}}

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Зрѣлца имало 270 жители Македонци.[5][7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Здрелза е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 50 куќи.[8]

На почетокот на XX век во Здралци работела грчката пропаганда и селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Здрелца имало 400 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[5][9] Во училиштето предавал Николаос Папасидерис, подоцна митрополит Никифор Костурски.[10][11]

Според грчка статистика од 1905 г. селото имало 250 жители.[12] Летото 1905 г. андартскиот капетан Никола (Лаки) Дељо го убил кметот Козма.[13]

Според Георги Константинов Бистрицки, Здрелца пред Балканските војни имало 90 македонски куќи.[5][14] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Зрелци имало 50 куќи на македонски христијани.[15]

Во Грција

уреди

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска, и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 246 жители, кое во 1920 г. се згоелмило на 311.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Амбелокипи. На пописот од 1928 г. во Здралци се заведени 345 лица.[3]

Населението произведува жито, грав и градинарски култури.[3]

Селото не настрадало во Граѓанската војна и затоа населението продолжило да расте.[3]

Месности во Здралци преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Магаричово Μαγαρίτσοβο Дихало Δίχαλο[16]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 425 425 449 448 528 610 688 668 630
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди
  • „Св. Катерина“ — црквичка во јужниот дел на селото
  • „Св. Никола“ — црквичка и светиче западно од селото
  • „Св. Дух“ — црквичка јужно од селото, веднаш до реката и мостот
  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна црква од 1820-1830 г.
  • „Св. Никола“ — параклис и скит (испосница) на стрмна карпа во планината, 3 км источно од селото

Личности

уреди
 
Отец Иван Шишков
Родени во Здралци
  • Анастас Димитров (Αναστάσιος Δημητρίου) — андартски деец от ІІІ ред[17]
  • Васил Бацелов (Βασίλειος Μπατσέλας) — андартски деец, четник на Григорис Фалиреас (Закас)[17]
  • Иван Шишков (1876 – 1957) — просветен и духовен деец
  • Козма Николов — кмет, убиен заедно со татко му Никола на сретселото од андарстскиот капетан Лаки Дељо на 31 јули или 1 август 1905 г[18][19]
  • Пандо Василев — учесник во МОО, II чета на VIII Костурска дружина, ранет во Втората балканска војна на 8 јули 1913 година, носител на бронзен медал[20]
  • Христо Атанасов — учесник во МОО, 27-годишен, II чета на VIII Костурска дружина, загинал на 6 ноември 1912 г. кај Дедеагач[21]
  • Јане Георгиев Јанев (на 75 години на 9 март 1943 г) — учесник во Илинденското востание со четата на Васил Чакаларов и борбата кај Черешница,[22] преземањето на Невеска, преземањето на Клисура и борбата кај Прекопана. Водел битка и кај Горно Броди под команда на полковникот Анастас Јанков.[23]
  • Јане Динков — учесник во МОО, VIII Костурска дружина[24]
Починати во Здралци

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece“. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 22. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. F.Pouqueville. Travels in Epirus, Albania, Macedonia, and Thessaly Архивирано на 30 септември 2007 г..
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 141.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 267. ISBN 954430424X.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 182–183.
  10. Μητροπολίτης Καστοριᾶς Νικηφόρος Παπασιδέρης, Архивирано од изворникот на 13 ноември 2010, Посетено на 6 јули 2010
  11. Οδός και πλατεία:ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΗ κ.κ.ΝΙΚΗΦΟΡΟΥ ΠΑΠΑΣΙΔΕΡΗ
  12. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Ambelokipoi Архивирано на 26 јули 2007 г..
  13. Δημήτρης Λιθοξόου. Η περιοχή Καστοριάς (Κόστουρ) / Kastoria (Kostur) γεωγραφία της ιστορίας, Архивирано од изворникот на 30 јули 2012, Посетено на 30 јули 2012
  14. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 7.
  15. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
  16. „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 711. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  17. 17,0 17,1 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 70. ISBN 978-960-12-1724-6.
  18. „Ιστορικά Στοιχεία " Σδράλτσι-Αμπελόκηποι" από 1886 μέχρι 1947 από διάφορες πηγές.Ενα διπλό φονικό στο Σδράλτσι, στο Μεσοχώρι, το 1905“. Αμπελόκηποι Καστοριάς. 25 јануари 2009. Посетено на 27 јануари 2023.
  19. „Οι Παπάδες μας: Οι Ιερείς των Αμπελοκήπων Καστοριάς“. Αμπελόκηποι Καστοριάς. 30 јануари 2011. Посетено на 27 јануари 2023 г. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  20. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 113. ISBN 954-9800-52-0.
  21. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 72. ISBN 954-9800-52-0.
  22. Пеловски, Филип (2022). Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. I. Дел III. София: Библиотека Струмски. стр. 299. ISBN 978-619-9208823.
  23. Пеловски, Филип (2022). Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. I. Дел III. София: Библиотека Струмски. стр. 300. ISBN 978-619-9208823.
  24. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 241. ISBN 954-9800-52-0.

Надворешни врски

уреди