Никола (Лаки) Дељо

Никола (Лаки) Дељо (на грчки: Νικόλαος (Λάκης) Νταηλάκης или Νταϊλάκης, Николаос (Лакис) Дајлакис) е револуционер од Костурско, деец на Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација, подоцна станал ренегат и се придружил на Грчката вооружена пропаганда.

Никола (Лаки) Дељо

Животопис

уреди

Никола (Лаки) Дељо e роден во костурско село Врбник, тогаш во Османлиското Царство, денес во Албанија. Уште 17-годишен на 21 мај 1900 година го убива Турчинот Сали бег од Мирас. Бил уапсен и ослободен од страна на властите поради поткуп. Се приклучува кон ВМОРО и влегува во четата на Атанас Кршаков. Подоцна се приклучува на грчките чети и дејствува со Коте Христов. Ги обиколува во Кореште и Корчанско, а подвјйвода е неговиот брат Јани. Бил опколен во Зичишта од Хусеин бег, но се провлекол. Во текот на летото на 1905 година Лаки го убива кметот на егзархиското маало на село Здралци - Козма. Во декември 1907 година е уапсен и затворен во Битола, но по Младотурската револуција во јули 1908 година е ослободен. Кратко време престојувал во Хрупишча, а потоа заминува за Грција.

По Првата балканска војна во 1912 година, кога Костурско и Врбник влегле во рамките на Грција, Лаки се враќа во своето родно село. Во 1924 година, кога Врбник е предаден на Албанија, Лаки се населил во Костурско. Убиен е во 1941 година за време на окупацијата на Грција од земјите од Оската помеѓу селата Сливени и Жупанишча.

Во 1960 година во Костур е подигнат негов споменик, а според неговото неговото е именуван еден кварт во градот [1][2].

Извори

уреди
  1. "Εκεί που χάνονται τα αγάλματα". Κυριακάτικη Ελευθεροτυπία, 26/11/2000.
  2. Лаки Дельо войводата от Връбник