Звонко Варга (27 ноември 1959, Црвенка) бил поранешен играч на екипата на Партизан, Лиеж и југословенски репрезентативец. Фудбалската игра ја играл од 1976 до 1997 година.

Звонко Варга за екипата на Партизан одиграл вкупно 451 натпревар и постигнал 167 голови. Од одиграните натпревари 199 биле на првенствени натпревари во кои постигнал 58 прволигашки голови.

Кариера

уреди

Фудбалската кариера Звонко Варга ја започнал во екипата на Црвенка, од каде на осумнаесет години како голем талент бил донесен во клубот на Партизан од Белград. Брзо се приклучил на првите единаесетмина во клубот на Партизан и во наредните осум години имал голем придонес во успесите на клубот.

За времето што го минал во екипата на Партизан, соиграчи му биле многу познати играчи и репрезентативци, како што биле: Драган Манце, Момчило Вукотиќ, Слободан Сантрач, Зоран Чава Димитријевиќ, Џевад Прекази, Звонко Живковиќ, Ранко Стојиќ и Владимир Вермезовиќ.

Како играч на екипата на Партизан Варга освоил две шампионски титули и тоа во сезоните 1982/83 и 1985/86 година. Таа година бил најдобар стрелец во составот на Партизан со вкупно 17 голови. На почетокот на својата кариера во екипата на Партизан тој го освоил и централноевропскиот куп во 1978 година.

Во рамките на подготовките за фудбалската сезона 1979/80, екипата на Партизан гостувала во Австралија и одиграл два натпревари против репрезентацијата на Австралија.[1] Првиот натпревар, бил одигран на 29 јуни 1979 година и воедно бил посветен на збогувањето на капитенот на австралиската репрезентација Питер Вилсон, кој за државната репрезентација одиграл вкупно 114 натпревари. Конечниот резултат на тој натпревар бил нерешен 1:1. Вториот натпревар, кој се одиграл на 1 јули во Сиднеј пред 9.600 гледачи, завршил со победа на тимот на Партизан од 1:0, а голот го постигнал токму Звонко Варга, во 47 минута. Екипата на Партизан тогаш била предводена од тренерот Милутин Шошкиќ. За силата на тогашната австралиска репрезентација говорел податокот дека наредниот натпревар, два месеци подоцна, кој се одиграл против екипата на ФК Космос од Њујорк завршил со победа на селекцијата на Австралија од 2:0. Во екипата на Космос тогаш настапувале: Франц Бекенбауер, Владислав Богичевиќ, Џорџо Кинаља и Карлос Алберто.

По одличните игри во тимот на Партизан, Звонко Варга добил понуда за трансфер во белгискиот ФК Стандард од Лиеж, која и ја прифатил. Во првата сезона екипата на Лиеж со Варга успеала да стигне до финалето на Купот на Белгија. Во финалниот натпревар составот на Лиеж загубил, но успеал да ја освои титулата шампион во Купот на Белгија во фудбал во сезоната 1989/90. Како победник на Купот екипата на Лиеж настапувала во Купот на победниците на куповите каде успеал да ги елиминира норвешкиот ФК Ставангер со резултати 2:0 и 3:0, вкупно (5:0), португалската Естрела Амадора со резулати од 2:0 и 0:1 или вкупни (2:1), но сепак во четвртфиналето неговиот Лиеж загубил од италијанскиот клуб Јувентус со резултати од 1:3 и 0:3, или вкупни (1:6).[2]

Тренерска кариера

уреди

По завршувањето на неговата активна играчка кариера, Звонко Варга станал тренер. Бил тренер на клубовите на ОФК Белград, ФК Рад,[3] ФК Сартрид[4][5] и ФК Галеника. Во неколку наврати бил и помошник тренер во екипата на Партизан, додека на чело во клубот биле Лотар Матеус, Владимир Вермезовиќ[6] и Славиша Јокановиќ.[7] Извесно време како помошник тренер минал и во екипата на ФК Телеоптик.

Клубови

уреди

Составот на шампионскиот тим на Партизан од 1982/83 година:

  • Раде Залад, Александар Трифуновиќ, Момчило Вукотиќ, Слободан Ројевиќ, Драган Манце, Миодраг Јешиќ, Миодраг Радовиќ, Звонко Живковиќ, Џевад Прекази, Зоран Чава Димитријевиќ, Љубомир Радановиќ, Ненад Стојковиќ, Адмир Смајиќ, Никица Клинчарски, Звонко Варга, Ранко Стојиќ, Сеад Сарајлиќ, Звонко Поповиќ, Милош Ѓелмаш, Новица Костиќ, Стевица Кузмановски, Слободан Павковиќ, Сеад Машиќ, Радомир Радуловиќ, Зоран Лилиќ.[9] Тренер на таа шампионска екипа бил Милош Милутиновиќ.

Составот на шампионската екипа на екипата на Партизан од 1985/86 година:

Кралот на стрелците

уреди

Во периодот поминат во клубот бил најдобар стрелец на екипата на Партизан во шампионската сезона:

  • 1985/86 година со 17 голови.

Како играч на екипата на ФК Лиеж, иако не настапувал на позицијата центарфор, тој бил 4 пати најдобар стрелец на тимот во првата лига и еднаш во конкуренција од пониската класа, во сезоната 1995-96 со 19 голови.[10]

  • 1988-89, 22 голови;
  • 1989-90, 8 голови;
  • 1991-92, 10 голови;
  • 1994-95, 13 голови и
  • 1995-96, 19 голови.

Втор стрелец на ФК Лиеж бил двапати:

  • 1986-87, 10 голови и
  • 1987-88, 11 голови.

Звонко Варга го поставил рекордот на постигнати голови во белгиската лига на 13 мај 1989 година на натпреварот против екипата на Жерминал Бершот. Екипата на Лиеж го добила тој натпревар со резултат од 6:1, а Звонко Варга ги постигнал сите шест голови.[11] Со овие голови тој се нашол на третото место во Белгија на сите времиња. Само двајца играчи, Весли Сонк и Марк Вилмотс постигнале повеќе голови од Звонко Варга во белгиското првенство.

ФИФА У-20, Група Б

уреди

Звонко Варга како југословенски репрезентативец настапувал на Светското првенство во фудбал ФИФА - 20 кој се одржал во Јапонија. Репрезентацијата на Југославија настапувала во групата Б заедно со селекциите на Полска, Аргентина и Индонезија. Репрезентацијата на Југославија била елиминирана веднаш по првата групна фаза од натпреварувањето, постигнувајќи само една победа.[12] Репрезентацијата настапила во следниот состав:

  • (1) Томислав Ивковиќ (голман), (3) Милан Јанковиќ, (4) Звонко Живковиќ, (5) Роберт Јуричко, (7) Бошко Ѓуровски, (8) Иван Гудељ, (10) Мехмед Баждаревиќ, (13) Звонко Варга, (15) Здравко Чакалиќ, (16) Борислав Митровиќ, (18) Владо Чапљиќ, (2) Иван Пудар (голман), (6) Марко Елснер, (9) Радомир Радуловиќ, (11) Харис Смајиќ, (14) Недељко Милосављевиќ и (17) Марко Млинариќ.

Статистика на игри во ФК Партизан

уреди

Статистика на Звонко Варга извадена од официјалниот клупски сајт на Партизан:

Тип на натпревар Број на натпревари Број на постигнати голови
Првенствени 199 58
Меѓународни 24 8
Пријателски 171 88
Куп на Југославија 18 5
Куп на европски шампиони 3 0
Куп на УЕФА 7 8
Централно европски куп 1 0
Турнир во Мостар 7 3
Лига на младински тимови 7 1
Турнир во Белград 8 2
Турнир во Титоград (Подгорица) 1 0
Турнир во Скопје 1 0
Трофеј Марјан Сплит 2 0
Југо турнир 2 1
Вкупно 451 167

Трофеи

уреди

Партизан

уреди
  • Шампион на Југославија (2): 1982/83, 1985/86.
  • Освоен е Централно европскиот куп (1): 1978 година.

Лиеж

уреди
  • Освоен е Купот на Белгија (1): 1989/90.

Печатени вести

уреди

Изјава на Звонко Варга за весниците:[13]

Врвот на мојата кариера беше во 1987 година во дресот на Лиеж. Во тоа време игравме против силната Бенфика, која претходната година го изгуби финалето на пенали во Лигата на шампиони, како и две сезони подоцна. Значи, на португалците им направивме такво шоу, победувајќи ги со мојот и голот на Малбаш во Лиеж со 2:1, а во Лисабон одигравме нерешено.

Против загребчаните одиграв навистина два несекојдневни натпревари. Во претпоследното коло на Максимир, и покрај тоа што противниците имаа два пенала, победивме со 3:2, а јас двапати се запишав на листата на стрелци. Па така, Црвена ѕвезда која не бркаше цело време ништо не ѝ вредеше победата против Приштина. Другите два големи натпревари со Динамо беа на стадионот на Ѕвезда, бидејќи на нашиот се одржуваше манифестација за Денот на младоста. На Маракана се собраа околу 70 000 наши навивачи, а гостите кои од клупата ги водеше Мирослав Блажевиќ, брзо поведоа со резултат од 2:0. Но, продолживме со помош на нашата прекрасна публика и стигнавме до израмнување, што нам ни беше доволно за титула, бидејќи наш единствен конкурент ни беше токму Динамо.

Наводи

уреди
  1. „Socceroo 1979 B Matches“. Ozfootball.net. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „European Competitions 1990-91“. Rsssf.com. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. Dennis Grebasch, Michael Woile (31 декември 2002.). „FK Rad Beograd 2002-03“. Eufo.de. Архивирано од изворникот на 2007-08-26. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „No name | Дневник“. Dnevnik.rs. Архивирано од изворникот на 10 март 2016. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Звонко Варга Сартрид 2004“. Arhiva.glas-javnosti.rs. Архивирано од изворникот на 2021-09-25. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „DH.be - Zvonko Varga: «J'ai voulu attirer Jestrovic à... Tilleur-Liège!»“. Dhnet.be. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „Varga Partizanov Aleksa Žunić - Danas“. Naslovi.net. Архивирано од изворникот на 26 август 2008. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. „Звонко Варга, профил“. Weltfussball.de. 27 ноември 1959. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. „Fudbalski Klub Partizan“. Sportbloger.com. 14 август 2008. Архивирано од изворникот на 12 март 2017. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  10. „Историја ФК Лијежа“. Rfcliege.be. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  11. „Sports Desk Mail Volume 04, no 48“. Topsportdata.com. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)[мртва врска][мртва врска]
  12. „ФИФА статистика“. Fifa.com. Архивирано од изворникот на 1 јули 2013. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  13. „Интервју Звонка Варге“. Naslovi.net. Архивирано од изворникот на 26 август 2008. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)