Ненад Бјековиќ (5 ноември 1947, Лазарево) — поранешен српски фудбалер, фудбалски менаџер и тренер.

Ненад Бјековиќ

Клупска кариера

уреди

Ненад Бјековиќ е роден во Лазарево, село во близина на Зрењанин. Тој започнал да игра фудбал во локалниот клуб Задругар од Лазарево, пред да премине во тимот на Пролетер Зрењанин. Таму останал вкупно четири години, дебитирајќи во првата југословенска лига во сезоната 1967–68.

Во летото 1969 година, Бјековиќ заминал во екипата на Партизан. Поминал седум сезони во клубот, постигнувајќи 82 првенствени гола во вкупно 198 натпревари за популарните Црно-бели. Во сезоната 1975–76, Бјековиќ бил најдобар стрелец во југословенската прва лига со постигнати 24 гола, помагајќи му на клубот Партизан да ја освои седмата шампионска титула во нивната историја.[1]

Во летото 1976 година, Бјековиќ се преселил да игра во странство и потпишал со клубот на Ница од Франција. Во Ница играл во наредните пет сезони, постигнувајќи вкупно 85 гола на 143 лигашки натпревари. Бјековиќ во 2013 година бил прогласен за играч на векот во клубот.[2]

Репрезентативна кариера

уреди

На репрезентативен план, Бјековиќ одиграл 22 натпревари за Југославија и постигнал четири гола. Тој постигнал гол на својот прв натпревар за државната репрезентација на пријателскиот натпревар против Бразил во Бело Хоризонте на 19 декември 1968 година. Неговиот последен натпревар за репрезентацијата бил на 24 февруари 1976 година во победата со 2:1 на гостински пријателски натпревар против репрезентацијата на Алжир во Алжир.[3]

Кариерата по професионалното играње

уреди

Откако официјално ги закачил копачките, Бјековиќ ја започнал својата тренерска кариера во 1982 година како помошник на Милош Милутиновиќ во тимот на Партизан. Го заменил Милутиновиќ како тренер во клубот на почетокот на сезоната 1984-1985. На кормилото на Партизан, Бјековиќ освоил две последователни титули во лигата и тоа во 1986 и во 1987 година.

Во 1987 година, Бјековиќ бил назначен за тренер на неговиот поранешен клуб Ница во Франција. Таму останал две години. Во 1990 година, Бјековиќ се вратил во Партизан како тренер, но, само за период од два месеци.

По неговата тренерска кариера, Бјековиќ бил спортски директор на фудбалскиот тим на Партизан речиси две децении. Од оваа функција поднел оставка во мај 2007 година.[4]

На 17 април 2018 година, Бјековиќ бил избран за потпретседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.[5]

Приватен живот

уреди

Тој е татко на професионалниот фудбалер Ненад Бјековиќ.[6]

Статистика во кариерата

уреди

Клуб

уреди
Натпревари, постигнати голови за различни клубови по сезони
Клуб Сезона Лигашки натпревари Континентални натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Пролетер Зрењанин 1965–66 Југословенска втора лига 21 7 21 7
1966–67 Југословенска втора лига 21 4 21 4
1967–68 Југословенска прва лига 28 10 28 10
1968–69 Југословенска прва лига 33 6 33 6
Вкупно 103 27 103 27
Партизан 1969–70 Југословенска прва лига 32 7 2 0 34 7
1970–71 Југословенска прва лига 33 8 2 0 35 8
1971–72 Југословенска прва лига 33 14 33 14
1972–73 Југословенска прва лига 33 13 33 13
1973–74 Југословенска прва лига 32 14 32 14
1974–75 Југословенска прва лига 4 2 0 0 4 2
1975–76 Југословенска прва лига 31 24 31 24
Вкупно 198 82 4 0 202 82
Ница 1976–77 Француска прва дивизија 32 19 2 2 34 21
1977–78 Француска прва дивизија 35 29 35 29
1978–79 Француска прва дивизија 28 17 28 17
1979–80 Француска прва дивизија 35 15 35 15
1980–81 Француска прва дивизија 13 5 13 5
Вкупно 143 85 2 2 145 87
Вкупно во кариерата 444 194 6 2 450 196

Репрезентативни натпревари

уреди
Настапи и голови во репрезентација по година [7]
Репрезентација Година Натпревари Голови
Југославија 1968 година 1 1
1969 година 3 1
1970 година 0 0
1971 година 7 0
1972 година 3 0
1973 година 5 2
1974 година 1 0
1975 година 0 0
1976 година 2 0
Вкупно 22 4

Меѓународни голови

уреди
Бр. Датум Место на одржување Противник Резултат Резултат Тип на натпревар
1 19 декември 1968 година Бело Хоризонте, Бразил   Бразил 2–0 2–3 Пријателски
2 26 февруари 1969 година Сплит, Југославија   Шведска 1–0 2–1 Пријателски
3 13 мај 1973 година Варшава, Полска   Полска 2–1 2–2 Пријателски
4 26 септември 1973 година Белград, Југославија   Унгарија 1–0 1–1 Пријателски

Признанија

уреди

Играч

уреди
Пролетер Зрењанин
  • Освоено прво место во Втората југословенска лига: 1966–67
Партизан
  • Освоено прво место во Првата југословенска лига: 1975–76

Признанија како тренер

уреди
Партизан
  • Освоено прво место во Првата југословенска лига: 1985–86, 1986–87

Индивидуални признанија

уреди
  • Најдобар стрелец во југословенската прва лига: 1975–76

Наводи

уреди
  1. „Nenad Bjeković“ (српски). partizanopedia.rs. Посетено на 14 October 2021.
  2. „Nenad Bjeković – igrač veka Nice (FOTO i VIDEO)“ (српски). mozzartsport.com. 13 September 2013. Посетено на 30 June 2015.
  3. „Bjeković Nenad“ (српски). reprezentacija.rs. Посетено на 14 October 2021.
  4. „Bjeković podneo ostavku“ (српски). blic.rs. 15 May 2007. Посетено на 23 November 2019.
  5. „Nenad Bjeković izabran za potpredsednika Fudbalskog saveza Srbije“ (српски). b92.net. 17 April 2018. Посетено на 14 October 2021.
  6. „Sinovi (uvek) u senci očeva“ (српски). novosti.rs. 22 September 2016. Посетено на 14 October 2021.
  7. „Nenad Bjeković, international footballer“. eu-football.info. Посетено на 14 October 2021.