Горан Богдановиќ (фудбалер)

Горан Богдановиќ (роден на 27 април 1967 година) бил поранешен српски фудбалер кој играл на позицијата играч од средниот ред, или организатор на играта. Тој бил препознатлив по својата техничка способност и вештини во дриблингот.[1][2][3][4]

Играчка кариера

уреди

Фудбалската кариера ја започнал во неговиот роден град Смедерево и клуб Сартид. Богдановиќ подоцна во 1985 година бил купен од тимот на Партизан од Белград. Во тој период бил доста млад односно тинејџер. Со Црнобелите од Белград во 1986 и 1987 година ги освоил шампионските титули на Југославија. По завршувањето на својата задолжителна воена служба во сезоната 1988-1989, Богдановиќ се докажал како еден од најредовните играчи во тимот, помагајќи му на клубот на Партизан во 1989 година да го освои единствениот дотогаш Југословенскиот Суперкуп и еден Куп на Југославија во 1992 година.

Во февруари 1993 година, Богдановиќ заминал да игра во странство во Шпанија кога потпишал со тимот на Мајорка од Сегунда Дивизион лигата. Поминал две години и половина со популарните Бермелонци, пред да премине во клубот на Еспањол од Ла Лига во летото 1995 година. Во својата прва сезона, Богдановиќ постигнал пет првенствени гола на 24 настапи. Таа сезона клубот завршил на четвртото место во првата шпанска лига. Подоцна, во 1998 година, поради голема конкуренција тој го загубил местото во клубот и решил да се префрли во екипата на Екстремадура. Со неговите игри во клубот тој придонел за промоција на Екстремадура во првата шпанска лига.

Во јануари 2000 година, Богдановиќ се вратил во неговиот клуб од детството Сартид од Смедерево.[5] Богдановиќ му помогнал на тимот да обезбеди место во натпреварувањата на УЕФА за прв пат во сезоната 2000-01. Следната година, ги предводел популарните Оклопници од Смедерево до третото место во лигата, нивната највисока позиција во лигата во историјата на клубот. Со неговите игри во 2005 година многу придонел за да се освои Купот на тогашната држава Србија и Црна Гора.[6] Тоа бил прв голем трофеј за тимот од Смедерево. На крајот на сезоната 2003-2004, Богдановиќ се повлекол од професионалниот фудбал.[7] Тој ја завршил својата кариера со завршен егзибициски натпревар одржан на 31 јули 2004 година помеѓу неговите поранешни клубови Сартид од Смедерево и Партизан од Белград.[8]

Кариера по играњето

уреди

Само неколку недели откако ги оставил копачките, Богдановиќ бил назначен за спортски директор во неговиот матичен клуб од Смедерево.[9][10] Тој останал на чело до месец август 2012 година, пред да го напушти клубот по несогласување со новоименуваниот колегиум во екипата.[11]

Статистика во кариерата

уреди
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Партизан 1985–86 5 0 0 0 0 0 5 0
1986–87 17 1 0 0 2 0 19 1
1987–88 17 0 1 0 0 0 18 0
1988–89 0 0 0 0 0 0 0 0
1989–90 30 3 6 0 6 0 42 3
1990–91 32 4 3 0 6 0 41 4
1991–92 27 3 8 3 2 0 37 6
1992–93 18 3 5 0 23 3
Вкупно 146 14 23 3 16 0 185 17
Мајорка 1992–93 13 0 1 0 14 0
1993–94 34 7 2 0 36 7
1994–95 24 0 8 1 32 1
Вкупно 71 7 11 1 82 8
Еспањол 1995–96 24 5 9 0 33 5
1996–97 34 1 4 0 3 0 41 1
1997–98 0 0 2 0 2 0
Вкупно 58 6 15 0 3 0 76 6
Екстремадура 1997–98 16 0 3 0 19 0
1998–99 7 0 1 0 8 0
Вкупно 23 0 4 0 27 0
Сартид Смедерево 1999–2000 20 1 0 0 20 1
2000–01 23 0 2 0 25 0
2001–02 28 4 4 1 32 5
2002–03 17 2 3 0 20 2
2003–04 17 0 3 0 20 0
Вкупно 105 7 2 0 10 1 117 8
Вкупно во кариерата 403 34 55 4 29 1 487 39

Признанија

уреди
Партизан
  • Освоена е Првата југословенска лига: 1985–86, 1986–87
  • Победници во Куп на Југославија: 1991–92
  • Освоен е Суперкуп на Југославија: 1989 година
Сартид Смедерево
  • Освоен е Куп на Србија и Црна Гора: 2002–03

Наводи

уреди
  1. „Goran Bogdanović: Tvorac čuvene biciklice!“ (српски). sdcafe.rs. 21 September 2014. Посетено на 7 October 2016.
  2. „Fudbal na biciklu“ (српски). glas-javnosti.rs. 2 January 2001. Архивирано од изворникот на 2018-12-10. Посетено на 10 December 2018.
  3. „Goša biciklom, ostali peške...“ (српски). glas-javnosti.rs. 8 July 2001. Архивирано од изворникот на 2018-12-10. Посетено на 10 December 2018.
  4. „Bogdanović za sva vremena“ (српски). glas-javnosti.rs. 3 December 2001. Архивирано од изворникот на 2018-12-10. Посетено на 10 December 2018.
  5. „Sartid iz pepela“ (српски). glas-javnosti.rs. 3 May 2000. Архивирано од изворникот на 2012-10-13. Посетено на 10 December 2018.
  6. „Sartid pobednik Kupa!“ (српски). srbija.gov.rs. 29 May 2003. Посетено на 2 April 2020.
  7. „Pehar u plamenu strasti“ (српски). glas-javnosti.rs. 16 May 2004. Посетено на 10 December 2018.[мртва врска]
  8. „Legenda o Biciklici“ (српски). glas-javnosti.rs. 1 August 2004. Архивирано од изворникот на 2022-01-21. Посетено на 2 April 2020.
  9. „Nova uprava u Sartidu, Kiković trener“ (српски). b92.net. 29 May 2004. Посетено на 10 December 2018.
  10. „Poverenje Kikoviću“ (српски). glas-javnosti.rs. 30 May 2004. Архивирано од изворникот на 2022-04-22. Посетено на 10 December 2018.
  11. „SMEDEREVO: Smenjen Bogdanović“ (српски). mondo.rs. 23 August 2012. Посетено на 7 October 2016.

Надворешни врски

уреди