Милош Милутиновиќ

Милош Милутиновиќ (5 февруари 1933, Баина Башта - 28 јануари 2003, Белград) бил фудбалер на екипите на Партизан, ОФК Белград, Баерн Минхен, Расинг од Париз, Стад Франс од Париз. Тој бил и југословенски фудбалски репрезентативец, како и тренер.

Милош Милутиновиќ

Детството и раната младост уреди

Милош Милутиновиќ е роден на 5 февруари 1933 година во Баина Башта. Тој бил најстар од четирите деца. Имал сестра Милица и двајца браќа: Милорад и Бора.[1]

Бидејќи рано го изгубил својот татко, се преселил да живее во Бор кај неговите тетка и тетин. Во тоа време градот Бор бил работничка средина, па Милош од самиот почеток слушал за тогашните работници и ударници. Меѓутоа, како дете бил фасциниран од фудбалската топка и посакувал само да игра фудбал. Како момче собрал и оформил екипа од улицата која се нарекувала Скакавци (скакулци). Основно и средно - техничко училиште завршил во Бор.[1]

Спортска биографија уреди

Југославија уреди

Милутиновиќ фудбалската кариера ја започнал на 15 години во младинската екипа на ФК Бор. Уште тогаш стигнал до младинската репрезентација.

По турнирот на УЕФА, кога настапувал за младинската фудбалска репрезентација на Југославија кој се одржал во 1951 година во Кан, Милутиновиќ преминал во екипата на Партизан. Во еден момент се чинело дека ќе потпише за составот на Црвена ѕвезда. Во целата таа работа била вмешана дури и Управата за државна безбедност (УДБА).Првото изненадување ме чекаше кога влегов во автомобилот. На задното седиште седеше еден член од управата на клубот Бор. Ми рече дека ќе оди службено за Белград, па да ја искористи ситуацијата. Само што тргнавме започна некое дошепнување помеѓу политичарот и возачот. Говореа многу тивко за да не можам да ги слушнам. По Брестовачка бања, оној главниот издаде наредба возачот да го сопре возилото. „Врати се ќе одиме точно под оној мост.'' Таму малку ќе се одмориме додека не мине жештината. Има време ќе стигнеме“. Тогаш во мене се роди нов сомнеж. Од кого ние тоа бегаме и зошто пак сега ќе чекаме? Целиот бев збунет. Под тој мост поминавме цели три часа пред да го продолжиме патот. На некои повремени прашања поставени од човекот на предното седиште одговарав со многу кратки одговори...Милош Милутиновиќ.

Во меѓувреме, Милутиновиќ пристигнал на адресата кај стадионот на ЈНА, каде подоцна го пречекал фудбалерот на Црвена звезда, Предраг Ѓајиќ:Поверував за момент дека одиме на состанок со првите луѓе на екипата на Партизан. Го минавме стадионот на Партизан и возилото застана пред една убава куќа во близина. Застанав во големиот салон поради голема возбуденост. Тука имаше повеќе од десетмина, многу сериозни и убаво облечени. По количината на чадот заклучив дека многу долго нѐ очекувале. Најпрво ме претставија на домаќинот, некој познат политичар, а потоа и на сите останати. Бев збунет. Толку луѓе за мене непознати седат и ме гледаат. Во тој миг не бев сѐуште пушач, па не знаев што да правам со рацете. Разговорот некако тргна. Неприметно стигнавме и до главното прашање. Дали сум одлучил да дојдам во екипата на Црвена ѕвезда. Одговорив со краток одговор дека веќе го дадов зборот на екипата на Партизан и на човекот кој не сакам да го изиграм. Започна долго убедување. Ништо не се промени ни кога минавме во трпезаријата. Подоцна дојде некој човек и ги донесе утрешните примероци од весниците. На спортската страница во неколку столбови била објавена веста дека Милутиновиоќ потпишал пристапница во екипата на Црвена ѕвезда. Гледав во тие крупни зборови и се запрашав што на сето тоа би рекле луѓето од екипата на Партизан. Ќе помислат дека не сум чесен. Собрав некако сила за да им кажам дека сето тоа не е точно. Еден од луѓето за кој подоцна разбрав дека бил министер на некој многу важен ресор рече нешто што многу ме погоди „Ти имаш морална обврска кон Партизан зошто си го дал зборот на неколку луѓе. Тоа е ништовно во споредба со обврската која ќе ја имаш од утре кога огромен број на луѓе ќе дознаат дека си потпишал за составот на Црвена ѕвезда и дека си наш член. Дури тогаш разбрав зошто со мене беше членот на управата на Бор, оној истиот кој тргна службено за Белград. Ја извади мојата спортска лигитимација, исписницата од клубот и документот од подсојузот. Друг пред мене ја стави пристапницата на Црвена ѕвезда. Требаше да ги потпишам тие три мали картончиња и веста во весниците веднаш би биле точни. Мојата желба беше скршена. Немав сили да се спротивставувам. Повеќе не се повикувам на дадениот збор...Потпишав. Тие во тоа име испија по една пијачка. Јас имав желба во тој момент само добро да се наспијам...Милош Милутиновиќ

Сепак, и покрај наводното „киднапирање“ од страна на Црвена ѕвезда, Милутиновиќ завршил во редовите на Партизан, каде најмногу настапувал како центарфор или играч за врска. За екипата на Партизан Милутиновиќ одиграл вкупно 213 натпревари, од кои 87 првенствени, а постигнал и 231 гол, од кои 53 првенствени.[2]

Милутиновиќ со екипата на Партизан го освоил Купот на Југославија во фудбал во 1954 и 1957 година.

По екипата на Партизан во 1958 година, Милутиновиќ преминал во клубот на ОФК Белград. За ОФК Белград настапил на само осум натпревари, но притоа постигнал дури девет гола. Во тоа време, Милош Милутиновиќ се разболел од туберкулоза, а бидејќи во Минхен му биле понудени најдобри услови за опоравување, тој заминал таму на лекување и по закрепнувањето потпишал една сезона за составот на Баерн од Минхен.

Куп на шампиони 1955/56 со Партизан уреди

Партизан во таа сезона во своите редови имал импресивни напаѓачки имиња. Покрај Милутиновиќ, во Партизан имало и фудбалски мајстори како Марко Валок, Стјепан Бобек и Бранко Зебец.

Милутиновиќ со екипата на Партизан учествувал во првото натпреварување во Лигата на шампионите во сезоната 1955/56. Првата пречка за екипата на Партизан ја минува многу лесно. Најпрво тоа бил составот на Спортинг од Лисабон. Победата била со вкупен резултат 8:5 (3:3 и 5:2). Милутиновиќ постигнал два гола на првиот натпревар од Купот на шампионите, а дури четири на вториот натпревар одигран во Белград. По првото коло, Партизан се судрил со тогаш многу моќниот клуб на Реал од Мадрид, предводен од Ди Стефано и Гент. Првиот натпревар во Мадрид, пред 105.532 гледачи, завршил со победа на Реал од 4:0. Два гола постигнал Кастањо, а по еден Генто и Ди Стефано. Вториот натпревар во кој Партизан ја покажал вистинската сила завршил со резултат 3:0 за белграѓани, што не било доволно за понатамошен пласман.[3] На тој натпревар Милутиновиќ постигнал два гола. Милош Милутиновиќ станал најдобар стрелец во Лигата на шампионите со осум постигнати гола.[4] Во купот на ова натпреварување, Милутиновиќ ја освоил титулата Крал на стрелците со 8 гола од 4 натпревари. Бил пред играчите како што се Петар Палоташ 6 гола од 4 натпревари, Алфредо Ди Стефано 5 гола од 7 натпревари, Михаљ Лантос 4 гола од 4 натпревари и Нандор Хидегкути 2 гола од 4 натпревари.


29 јануари 1956 година
Лига на шампиони 1955/56
 Партизан 3-0  Реал Мадрид Град: Белград Стадион Партизан
Судија: Јозеф Гилде (Швајцарија)
Гледачи: 40.000
Милутиновиќ  24'  87'
Првослав Михајловиќ  46' (пен)
(Статистика)

Статистика на игри во ФК Партизан уреди

Статистика на Милош Милутиновиќ од официјалниот клупски сајт на Партизан[5]

Наводи уреди