Засенбург
Засенбург (германски: Sassenburg) — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 7 километри североисточно од градот Гифхорн и околу 15 километри северозападно од градот Волфсбург.
Засенбург | |
Улица во Нојдорф-Платендорф | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гифхорн |
Месни единици | 6 |
Градоначалник | Фолкер Армс (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 88,4 км2 |
Надм. височина | 55 - 69 м |
Население | 12.092 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 137 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GF |
Пошт. бр. | 38524 |
Повик. бр. | 05371, 05378, 05379 |
Портал | www.sassenburg.de |
Местоположба на Засенбург во рамките на округот Гифхорн | |
Координати | 52°31′0″N 10°38′0″E / 52.51667° СГШ; 10.63333° ИГД |
Седиштето на општината се наоѓа во селото Вестербек.
Географија
уредиОпштината се наоѓа на подрачје помеѓу планинскиот масив Харц и Линебуршкото Поле, источно од Гифхорн и северозападно од Волфсбург. Во јужниот дел на општината во насока исток-запад поминува реката Алер. Истовремено, во насока север-југ поминува страничниот канал на Елба. Општината има површина од 8840 ha, од кои 17% се станбена и сообраќајна површина.[2]
Соседни општини
уредиСоседни општини се (од север надесно): Варенхолц, Ера-Лесин, Барведел, Јембке, Бокенсдорф, Ослос, Калберла, Изенбител и Гифхорн.
Најблиски поголеми градови се Волфсбург и Брауншвајг.
Општински единици
уредиОпштината се состои од следниве населени места:
- Даненбител
- Грусендорф
- Нојдорф-Платендорф
- Штиде
- Триангел
- Вестербек
Галерија
уреди-
Лутеранската црква во Нојдорф-Платендорф
-
Бернштајнското Езеро близу Штиде
-
Дворец во Триангел
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Institut für Wirtschaftsfragen e. V. (Hrsg.): Regionalbericht 2006 : Wirtschaftsraum Braunschweig – Salzgitter – Wolfsburg. IHK Braunschweig, Hannover 2006. (PDF; 1.4 MB Архивирано на 10 јули 2007 г.).
Надворешни врски
уреди- Засенбург на Ризницата ?
- Официјална страница
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |