Црква „Св. Атанасиј“ - Заполжани

црква во Заполжани, Прилепско

Св. Атанасиј Великицрква во прилепското село Заполжани, Општина Долнени, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Атанасиј

Надвлезна фреска со св. Атанасиј

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Ропотовска
Местоположба

Карта

Координати 41°22′49.2″N 21°24′42.2″E / 41.380333° СГШ; 21.411722° ИГД / 41.380333; 21.411722
Место Заполжани
Општина Долнени
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Завршено 1872
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил преродбенички

Црквата е гробишен храм, сместен во северозападниот дел на селото. Претставува еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страна, која однадвор е расчленета на три плитки ниши. Засводена е со полукружен свод, а на западната страна има галерија на кат. Изградена е во 1872 година, а во 1928 година е обновена. Стои на местото на некогашна грчка црква.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Црква „Свети Атанасиј", село Заполжани“. Old Prilep. Архивирано од изворникот на 2014-03-08. Посетено на 8 март 2014.

Надворешни врски

уреди