Замошќ (полски: Zamość) — град кој се наоѓа во Полска, во Лублинското Војводство, со население од 65,149 жители според податоци од 2014 година. Замошќ е седиште истоимениот регион.

Замошќ
Главниот плоштад
Главниот плоштад
Знаме на ЗамошќГрб на Замошќ
Замошќ is located in Полска
Замошќ
Замошќ
Координати: 50°43′14″N 23°15′31″E / 50.72056° СГШ; 23.25861° ИГД / 50.72056; 23.25861
Земја Полска
ВојводствоЛублинско
ОкругЗамошќ
ОпштинаЗамошќ
Основање1580
Градски статус1580
Управа
 • ГрадоначалникAndrzej Wnuk
Површина
 • Градска30,48 км2 (1,177 ми2)
Надм. вис.&10000000000000212000000212 м
Население (2014)
 • Градско65.149
 • Густина21/км2 (55/ми2)
 • Метро140 274
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код22–400 to 22–410
Повик. бр.(+48) 084
Регистарски  табличкиLZ
Мреж. местоhttp://www.zamosc.pl

Историја

уреди

Основање

уреди
 
Замошќ во 1617 година

Замошќ бил основан во 1580 година од страна на канцеларот и хетман Јан Замојски, како град кој се наоѓа на трговскиот пат кој ја поврзува Западна и Северна Европа со Црно Море.[1]. Градот бил изграден според италијанските трговски градови, и бил изграден во периодот на доцната ренесанса од архитектот Бернардо Морандо. Така градот станал совршен пример на град од периодот на ренесансата на крајот на 16 век. Градот успеал да задржи дел од својата оригиналност, како главната улица, тврдината и уште неколју градби.

Во 17 век градот го достигнал својот најголем развој. Градот ги привлекувал не само Полјаците, туку и луѓе од други националности. Градот, сепак, се соочил со бројни инвазии, вклучувајќи ја козачката опсада предводена од Бодан Кмелнитски, водачот на востанието против Полско-литванската Државна Заедница (1648-1654) и шведската опсадата во 1656 година. Во текот на Големата северна војна градот бил окупиран од страна на шведски и саксонски трупи.

во периодот од 1772 и 1809 година, градот бил дел од провинцијата Галиција на Австрија. Во 1809 година градот бил освоен од Наполеон. По падот на Наполеон, според Виенскиот конгрес во 1815 година, градот припаднал на Руската Империја. Градот одиграл голема улога за време на востанието во ноември во 1830-1831 година. Тврдината била срушена во 1866 година.

Втора светска војна

уреди

На 27 септември 1939 година Нацистичка Германија потпишала спогодба за границата со Советскиот Сојуз, кој пак Полска ја нападнал од нејзината источна страна. Црвената армија сепак го напуштил градот за околу една недела, на 5 октомври 1939 година заедно со околу 5.000 Евреи. Германците се вратиле во градот на 8 октомври 1939 година и набргу потоа започнале масовни апсења на истакнати граѓани преку т.н. тајна акција на АБ за намерно уништување на полската интелигенција. Нацистите погубиле повеќе од 8.000 луѓе кај градската ротонда. Меѓу погубените имало заробеници од градот, регионот а подоцна и од руските затвореници кои биле заробени по започнувањето на операција Барбароса[2].

Во 1942 година градот поради неговата плодна земја била избрана за понатамошна германската колонизација. По Втората светска војна градот започнал економски да се развива. Во 1970-тите и 1980-тите населението многу бргу се зголемило. Во 1975 година градот имал население од 39.100 жители додека во 2003 година оваа бројка изнесувала 68.800

Еврејска заедница

уреди

Еврејската заедница во градот била основана во 1588 година. Евреите биле доселеници од Италија, Шпанија, Португалија и Турција.Во градот имало изградено две синагоги. Во 1900 година еврејското население броело 7.034 жители[3]. Еврејското население се зголемило на 9.383 (49,3% од вкупното население) во 1921 година.

Пред Втората светска војна, повеќе од 12.500 Евреи живееле во градот или 43% од вкупно 28.100 жители[2][4]. Градот бил предаден на Германците од Советскиот Сојуз на 8 октомври 1939 година и веднаш било основано гето. Околу 3,000 евреи биле депортирани во концентрационен логор во Белжец[4]. Во октомври, нацистите застрелале 500 Евреи на улиците и депортирале 4.000 еврејски затвореници. Тие биле транспортирани без храна или вода. И покрај тоа што растојанието било релативно кратко, транспортирањети потраело неколку дена, а многумина починале по пат[4].

Географија

уреди

Градот се наоѓа во историската област Црвена Русија. Се наоѓа во јужниот дел на војводство, на 90 километри југоисточно од градот Лублин, 247 километри од Варшава и 60 км од границата со Украина.

Историскиот центар на Замошќ е додаден на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1992 година, со одлука на шеснаесеттата редовна седница на Комитетот за светското наследство, кој се одржал помеѓу 7 и 14 декември 1992 година во Санта Фе, Ново Мексико, САД.

Население

уреди

Население по години

уреди
Опис Вкупно Жени % Мажи %
Население 65 055 34 332 52,77 30 723 47,23

Старосна структура[5]

уреди

 

Клима[6]

уреди
Климатски податоци за Zamość, Poland
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) −1
(31)
0
(32)
6
(43)
12
(53)
18
(64)
21
(69)
22
(71)
22
(71)
18
(64)
12
(53)
5
(41)
1
(34)
11
(52)
Прос. ниска °C (°F) −6
(22)
−6
(22)
−1
(30)
3
(37)
7
(45)
11
(51)
12
(54)
12
(53)
8
(47)
4
(39)
0
(32)
−3
(26)
3
(38)
Прос. врнежи мм (ин) 28
(1.1)
28
(1.1)
30
(1.2)
41
(1.6)
64
(2.5)
79
(3.1)
79
(3.1)
71
(2.8)
50
(2)
36
(1.4)
41
(1.6)
36
(1.4)
589
(23.2)
Извор: Weatherbase [7]

Образование

уреди
 
Поглед кон објектот на поранешната академија

Замошќ има долга образовна историја. Првата академија била основана во 1594 година, и била трета институција за високо образование во Полско-литванската Државна Заедница.

Замошќ денеска има 9 средни училишта: 7 државни, едно католичко и едно социјално. Покрај тоа, постојат 10 основни училишта.

Наводи

уреди
  1. „Zamość“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 12 April 2011.
  2. 2,0 2,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ZamośćTimeline.
  3. Databases – Zamość, Poland. JewishGen.org
  4. 4,0 4,1 4,2 „Zamość“. Holocaust Research Project.org. 2007. Посетено на 2013-12-06.
  5. http://www.polskawliczbach.pl/Zamosc, w oparciu o dane GUS.
  6. Climate Summary for Zamość
  7. „Weatherbase.com“. Weatherbase. 2013. Архивирано од изворникот на 2022-02-16. Посетено на 2016-10-10. Посетено на May 10, 2013.

Надворешни врски

уреди