Шелда

река во Франција, Белгија и Холандија
(Пренасочено од Еско)

Шелда (холандски: Schelde) или Еско (француски: Escaut) — важна река која тече низ северна Франција, западна Белгија и југозападниот дел на Холандија. Долга е 350 км.[1]

Шелда
Местоположба
Физички особености
УстиеСеверно Море
51°25′51″N 3°31′44″E / 51.43083° СГШ; 3.52889° ИГД / 51.43083; 3.52889 (North Sea-Scheldt)
Должина350 км
Особености на сливот

Течение

уреди

Изворите на Шелда се наоѓаат во Гуи (департман Ена) во северна Франција. Реката тече низ Камбре и Валансјен, па влегува во Белгија кај Турне. Во Гент се среќава со притоката Лаје (Лис) и врти на исток. Кај Антверпен (најголем град на реката), Шелда тече на запад во Холандија, па завршува во Северното Море.

На ова место првобитно постоеле два ракава: Источна и Западна Шелда. Во XIX век, источниот ракав бил преграден со насип и канал кој го поврзува Јужен Бевеланд со континенталниот дел (Северен Брабант). Така, денес реката продолжува само до естуарот на западниот дел, минувајќи низ Тернеузен за да стигне до Северното Море помеѓу Брескенс во Зеландска Фландрија и Флисинген на Валхерен.

Шелда претставувала важен воден пат во историјата, и денес е пловна од устието, па сè до Камбре. На нејзините брегови се наоѓа градот Антверпен, второ најголемо пристаниште во Европа. Неколку канали ја поврзуваат Шелда со речните подрачја на други поважни реки како Рајна, Меза и Сена, како и со индустриските подрачја околу Брисел, Лиеж, Лил, Динкерк и Монс.

Реката тече низ следниве департмани, покраини и градови во Франција, Белгија и Холандија:

Историја

уреди
 
Карта на градот Антверпен со реката Шелда во 1634 г.

Естуарот на Шелда отсекогаш играл значајна стопанска и стратешка улога. Во римско време, од ова место поаѓале товарните бродови за Британија. Околу 260 г. Франките ја зазеле оваа област, најпрвин со пиратски активности по пловните патишта, но подоцна како сојузници на Римјаните. Во разните раздвојувања на Царството на Франките во IX век, реката Шелда станала граница помеѓу Западното и Источното царство, кои подоцна станале Франција и Светото Римско Царство.

Оваа состојба на границите траела сè до 1528, иако доготаш Фландрија на левиот брег и Зеланд и Брабант на десниот биле под власта на Хабсбурговците (во состав на Седумнаесетте Покраини). о тоа време Антверпен бил најзначајното пристаниште во западна Европа. Во 1585, градот повторно потпаднал под шпанска власт, а Холандската Република завладеала со Зеландска Фландрија, т.е. појас на левиот брег и ја затворила реката за сообраќај. Поради ова, трговијата во ова подрачје престанала и продолжила да се одвива во Амстердам и Миделбург. Ова се одразило мошне неповолно по Антверпен и по односите помеѓу Холандија и идната Белгија.

Во 1784, пристапот на реката бил повод за конфликтот наречен „Војна на лонецот“ и други подоцнежни судири во времето на Француската револуција, по што била повторно отворена за сообраќај во 1792. Кога Белгија се изборила за независност од Холандија во 1830, била потпишана спогодба дека реката мора да биде пристапна за сообраќај кон белгиските пристаништа.

Во Втората светска војна, естуарот на Шелда повторно станал предмет на судири. И покрај тоа што Антверпен бил во рацете на сојузничките сили, во септември 1944 германската војска успеала да заземе утрдени места во естуарот на Шелда на запад и на север, спречувајќи ги товарните бродови со залихи за сојузниците. Во Битката на Шелда, I Канадска армија успешно го ослободила подрачјето, и до ноември 1944 обезбедила слободен пристап за бродовите до Антверпен.

Притоки

уреди
 
Шелда во Пек, Белгија
 
Изворот на Шелда во Гуи, Франција

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Атлас на Шелда Архивирано на 1 март 2007 г. (холандски)

Надворешни врски

уреди