Ена (департман)
Ена (англиски: Aisne) — департман во областа Пикардија, денес во состав на регионот Горна Франција на северот од земјата. Наречен е по реката Ена.
Ена Aisne | |||
---|---|---|---|
Департман | |||
Местоположба на Ена во Франција | |||
Координати: 49°30′N 3°30′E / 49.500° СГШ; 3.500° ИГД | |||
Земја | Франција | ||
Регион | Горна Франција | ||
Префектура | Лан | ||
Потпрефектури | Шато Тјери Сен Кантен Соасон Вервен | ||
Управа | |||
• Претс. на ген. совет | Ив Додињи (PS) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 7.369 км2 (2,845 ми2) | ||
Население (1999) | |||
• Вкупно | 535.489 | ||
• Ранг | 49-ти | ||
• Густина | 73/км2 (190/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Департман бр. | 02 | ||
Окрузи | 5 | ||
Кантони | 42 | ||
Општини | 816 |
Историја
уредиЕна е еден од изворните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790. Составен е од делови од дотогашните покраини Ил де Франс, Пикардија и Шампања.
Највеќето стари шуми во подрачјето на департманот се уништени во Првата светска војна. Офанзивата на сртот Шеман де Дам во пролетта 1917 понекогаш се нарекува „Втора битка на Ена“.
Географија
уредиЕна се граничи со Арденската шума и Белгија на североисток. Реката Ена минува низ департманот во правец исток-запад, и потоа се влева во Оаза. Реката Марна образува дел од јужната граница со департманот Сена и Марна. Јужниот дел на департманот е посува висорамнина позната по млечни производи и сирењето бри.
Во пејзажот предоминираат карпести масиви со стрмни крила. Најзабележителни се оние кај Лан и сртот Шеман де Дам.
Најголеми населени места во департманот се:
- Лан, нас. 26.000 (седиште)
- Сен Кантен, нас. 60.000
- Соасон, нас. 30.000
- Шато Тјери, нас. 15.000
- Терње, нас. 15.000
Клима
уредиДепартманот добива просечни атмосферски врнежи од 500-750 мм годишно.
Стопанство
уредиСтопанството е претежно земјоделско. Се одлегуваат големи количини на житарки и шеќерна репка. Во Сен Кантен и други места значајна гранка е текстилната индустрија, со многу ткајачници на свила, памук и волна. Во Сен Гобен се произведуваат огледала уште од XVII век. Гиз е центар на земјоделството во северниот дел на Ена.
Познати личности
уреди- Писателот Александар Дима (1802-1870) пораснал во Ена
- Сликарот Анри Матис (1869-1954) пораснал во Боен ан Вермандоа.
Поврзано
уреди- Општини во Ена
- Окрузи во Ена
- Ена (река)
- Ен (департман) — департман со мошне слично име
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Ена (департман)“ на Ризницата ? |
- Портал на префектурата на Ена (француски)
- Портал на Општиот совет на Ена (француски)
- Агенција за развој на Ена (англиски)
- Туристички одбор на Ена Архивирано на 1 септември 2006 г. (англиски)