Елсфлет
Елсфлет (германски: Elsfleth) — мал град во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на вливот на Хунте во Везер, на нејзиниот лев брег.
Елсфлет
Elsfleth | |
Делови од градот Елсфлет | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Везермарш |
Градоначалник | Бригите Фукс (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 115,15 км2 |
Надм. височина | 3 м |
Население | 9.086 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 79 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BRA |
Пошт. бр. | 26931 |
Повик. бр. | 04404 |
Портал | www.elsfleth.de |
Местоположба на градот Елсфлет во рамките на округот Везермарш | |
Координати | 53°14′0″N 9°28′0″E / 53.23333° СГШ; 9.46667° ИГДКоординати: 53°14′0″N 9°28′0″E / 53.23333° СГШ; 9.46667° ИГД |
Градот по Норденхам и окружниот град Браке претставува трета најголема општина во Везермарш[2] и едно од најстарите места во Долен Везер.[3] Од 1814 до 1933 година, Елсфлет бил седиште на амт Елсфлет.
ГеографијаУреди
МестоположбаУреди
Елсфлет се наоѓа на Хунте, која се влива во Везер во самото градско подрачје. Градот Олденбург се наоѓа југозападно од Елсфлет. Југозападно од градот се наоѓа Бремен.
Соседни општиниУреди
На север од градот се наоѓа општината Овелгене, а на североисток е окружниот град Браке. На исток се граничи со Везер, а на другиот брег на реката е општината Берне, додека на југ е општината Худе во округот Олденбург. На југозапад се граничи со градот Олденбург, додека на запад се граничи со општината Раштеде во округот Амерланд.
ПолитикаУреди
Градски советУреди
Градскиот совет се состои од 22 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 8.001 и 9.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[5]
Партија | Удел | Места | Промена гласови | Промена места |
---|---|---|---|---|
CDU | 34,67 % | 8 | +0,2 % | 0 |
SPD | 33,88 % | 7 | +0,52 % | 0 |
Независна група Елсфлет (UWE) | 9,76 % | 2 | +0,61 % | 0 |
FDP | 9,06 % | 2 | −1,45 % | 0 |
GRÜNE | 8,65 % | 2 | −1,4 % | 0 |
LINKE | 3,94 % | 1 | +1,51 % | 0 |
ГрадоначалникУреди
На 11 септември 2016 година била избрана независната Бригите Фукс за градоначалник. Таа освоила 54,48 проценти од гласовите против двата соперника.[6]
Збратимени градовиУреди
Од 13 март 1999 до крајот на 2014 година постоело партнерство помеѓу градот Елсфлет и градот Марстал на данскиот остров Ере.
Познати луѓеУреди
- Фридрих Болте (1860-1940) — директор на Хамбуршката поморска школа
- Карл Шредер (1890-1966) — даночен консултант и политичар
- Ерих Цандер (1906-1985) — правник и политичар
- Хорст Карстен (р. 1936) — олимпиец
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ Herzlich Willkommen in Elsfleth Архивирано на 25 септември 2014 г., 29 април 2012.
- ↑ „Elsfleth – Stadtgeschichte“. 2012-04-29. Архивирано од изворникот на 2018-09-27. Посетено на 2018-09-27.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 10. Januar 2014.
- ↑ Stadt Elsfleth – Gesamtergebnis Stadtratswahl 2016, 31 декември 2016.
- ↑ Stadt Elsfleth – Bürgermeisterwahl 2016, 27 април 2012.
Надворешни врскиУреди
„Елсфлет“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)