Амерланд (германски: Ammerland) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во градот Вестерштеде.

Амерланд
Landkreis Ammerland

округ
Грб на Амерланд Landkreis Ammerland
Lower Saxony WST.svg
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеВестерштеде
Површина
 • Вкупна728 км2 (281 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно125.643
 • Густина170/км2 (450/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.WST
Мреж. местоammerland.de

Се граничи со (од исток надесно) градот Олденбург и окрузите Олденбург, Клопенбург, Лер, Фризија и Везермарш.

ГеографијаУреди

Амерланд има многу рамен терен, мочуришта и ветерници. Ветерниците се симбол на округот, а понекогаш дури е и нарекуван „земја на ветерниците“.

Средишниот дел на округот е Цвишенанското Езеро во близина на местото Бад Цвишенан.

ИсторијаУреди

Амерланд бил првпат споменат во X век. Зборот се верува дека потекнува од „Амери“, што е стар збор за „мочуриште“. Во времето на Викинзите биле изградени бројни замоци со цел заштита на имотите.

Многу години имало мал интерес во оваа мочуришна област. Во XIV век станал дел од Грофовијата Олденбург. Грофовите основале упоришта во областа, која била граница против поседите на Фризите.

Округот бил основан во 1933 година во границите на некогашната историска област.

ГрбУреди

Грбот прикажува:

  • горе лево: црвени ленти од грбот на грофовите на Олденбург
  • горе десно: златен крст на Грофовијата Бентинк (1733-1818 во Фарел; Вифелштеде бил дел од оваа грофовија)
  • долу лево: желадот го претставува дабот во областа
  • долу десно: црвените брановити линии се стар симбол на Амерланд

Градови и општиниУреди

 
Градовите и општините во округот Амерланд
Градови Слободни општини
  1. Вестерштеде
  1. Апен
  2. Бад Цвишенан
  3. Едевехт
  4. Раштеде
  5. Вифелштеде

НаводиУреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врскиУреди

Координати: 53°15′ N; 7°55′ E / 53.25° СГШ; 7.92° ИГД / 53.25; 7.92