Овелгене
Овелгене (германски: Ovelgönne) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 27 километри североисточно од Олденбург и 40 километри северозападно од Бремен.
Овелгене | |
Воздушен поглед на Нојштат (Овелгене) | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Везермарш |
Месни единици | 4 |
Градоначалник | Кристоф Харц (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 123,81 км2 |
Надм. височина | 4 м |
Население | 5.405 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 44 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BRA |
Пошт. бр. | 26939 |
Повик. бр. | 04480 |
Портал | www.ovelgoenne.de |
Местоположба на Овелгене во рамките на округот Везермарш | |
Координати | 53°21′0″N 8°24′0″E / 53.35000° СГШ; 8.40000° ИГД |
Со површина од над 120 квадратни километри, Овелгене е втора најголема општина во округот Везермарш. Поради своето развиено земјоделие, општината е нарекувана „зеленото срце на Везермарш“. Административното седиште на општината е во местото Олденброк-Мителорт, иако е именувана по селото Овелгене.
Географија
уредиМестоположба
уредиОвелгене се наоѓа во просторот помеѓу градовите Бремен, Олденбург, Вилхелмсхафен и Бремерхафен. Окружниот град Браке од средиштето на Олденброк-Мителорт е оддалечен шест километри.
Соседни општини
уредиОвелгене се наоѓа во средишниот дел на округот Везермарш и се граничи на северозапад со општината Јаде, на север со општината Штадланд, на исток со градот Браке и на југ со градот Елсфлет (сите во округот Везермарш). На југозапад се граничи со општината Раштеде од округот Амерланд.
Општински единици
уредиОпштината Овелгене се состои од следниве места:
- Гросенмер
- Олденброк
- Штрикхаузен
- Овелгене
Административното седиште на општината е во Олденброк.