Везермарш
Везермарш (германски: Wesermarsch) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во градот Браке.
Везермарш Landkreis Wesermarsch | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Браке | |
Површина | ||
• Вкупна | 821,87 км2 (31,733 ми2) | |
Население (31 декември 2020)[1] | ||
• Вкупно | 88.524 | |
• Густина | 1,1/км2 (2,8/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | BRA | |
Мреж. место | landkreis-wesermarsch.de |
Округот се граничи со (од исток надесно) окрузите Куксхафен и Остерхолц, градот Бремен, слободниот град Делменхорст, округот Олденбург и слободниот град Олденбург, како и окрузите Амерланд и Фризија.
Географија
уредиОкругот се наоѓа на западниот брег на реката Везер, помеѓу Бремен и устието на реката. Неколку реки поминуваат низ округот од запад на исток, најголемата од нив е Хунте, која поминува низ Олденбург пред да влезе во Везермарш. На север, устието на Везер и Јадскиот Залив (во Северното Море) го опкружуваат полустровот Бутјадинген. Таму се наоѓа најголемиот град во округот: Норденхам, кој се наоѓа спроти Бремерхафен на устието на Везер.
Историја
уредиОкругот бил основан во 1933 година со спојување на амтовите Бутјадинген, Браке и Елсфлет, како и делови на амтовите Делменхорст и Фарел.
Грб
уредиГрбот има црвени и жолти ленти од државата Олденбург во својата лева половина. Долу десно е отсликан воин, кој ги претставува фризиските племиња, кои првично ја населувале областа. Бродот горе десно е ког, вообичаен трговски брод во средниот век во областа. Ја претставува долгата трговска традиција на устието на реката Везер.
Градови и општини
уредиГрадови | Слободни општини |
---|---|
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Везермарш“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)