Норденхам
Норденхам (германски: Nordenham) — најголем град во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на устието (на западниот брег) на реката Везер, на полуостровот Бутјадинген, на самиот брег на Северното Море.
Норденхам
Nordenham | |
Делови од градот Норденхам | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Везермарш |
Градски единици | 35 |
Градоначалник | Карстен Зајфарт (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 87,32 км2 |
Надм. височина | 2 м |
Население | 26.308 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 301 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BRA |
Пошт. бр. | 26954 |
Повик. бр. | 04731 |
Портал | www.nordenham.de |
Местоположба на градот Норденхам во рамките на округот Везермарш | |
Координати | 53°30′0″N 8°28′0″E / 53.50000° СГШ; 8.46667° ИГД |
Пристанишниот град Бремерхафен се наоѓа на другиот брег на реката. Пристаништето Мидгард е најголемото приватно пристаниште во Германија.
Географија
уредиМестоположба
уредиНорденхам се наоѓа на западниот брег на Везер спроти Бремерхафен на нејзиното устие во Северното Море и северно од градовите Бремен и Олденбург. Околината се состои од мочуришта.
Градски единици
уредиНорденхам се состои од следниве 35 единици: Абехаузен, Абехаузер Гроден, Абехаузер Херне, Абехаузервиш, Атенс, Атензерфелд, Блексен, Блексерзанде, Блексервурп, Бултервег, Бутербург, Ајнсварден, Елвирден, Енјебур, Езенсхам, Езенсхамер Алтендајх, Езенсхамер Обердајх, Езенсхамергроден, Фридрих-Аугуст-Хите, Гребсварден, Гросензил, Хафендорф, Херинг, Хофе, Клостер, Морзерзанд, Обердајх, Физеварден, Раден, Зарве, Шокумердајх, Швеварден, Шитинг, Тетенс, Тројенфелд и Фолкерс.
Кон градското подрачје припаѓаат и островите Ланглитјен I и Ланглитјен II.
Историја
уредиНорденхам се развил од местото Атенс поради напорите на трговецот Вилхелм Милер, кој тргувал со говеда и овци кон Англија кон крајот на XIX век. Некои од најстарите делови на денешното градско подрачје се старите села Блексен, Ајнсварден и Атенс. Епископот Вилехад починал во Блексен во 789 година, што се смета за годината на основање на Блексен. Во 1407 година бил подигнат замокот Вредеборх или Фридебург (буквално како „мировен замок“) од ханзиниот град Бремен, кој на почетокот личел само како голема утврдена куќа, со цел да ги заштити интересите од бунтовните жители, Фризите. Упориштето било уништено во 1425 година и е можно дека местото подоцна било користено како манастир.
Основачот на Норденхам, Вилхелм Милер, подоцна ја изградил својата фарма и ресторан на истото место. Во 1959 година овие биле срушени и била изградена општинската зграда. Градското собрание било изградено во 1953 година.
Помеѓу 1499 и 1514 година, областа била освоена од Војводството Олденбург.
На 1 мај 1908 година, Норденхам добил градски права и од 1955 година е вклучен во округот Везермарш.
Поради владините политики за индустријализација во 1960-тите и во 1970-тите години, разни индустриски капацитети биле отворени во Норденхам. Помеѓу другите била и атомската централа близу Езенсхам, која административно припаѓа на општината Штадланд, авионската компанија „Премиум“ и хемиска индустрија.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 36 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 25.001 и 30.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
Партија | Удел | Места |
---|---|---|
SPD | 47,07 % | 17 |
CDU | 26,33 % | 10 |
FDP | 8,53 % | 3 |
WIN | 7,64 % | 3 |
GRÜNE | 6,87 % | 2 |
LINKE | 3,53 % | 1 |
Градоначалник
уредиГрадоначалник на Норденхам е Карстен Зајфарт (SPD). На последните избори на 8 септември 2015 година освоил 59,83% од гласовите против тројца противкандидати.
Збратимени градови
уредиНорденхам е збратимен со следниве градови:[3]
- Петерли, Велика Британија (од 1981)
- Швиноујшќе, Полска (од 1992)
- Сен Етјен ди Рувре, Франција (од 2011)
Сообраќај
уредиПостои ферибот до Бремерхафен од местото Блексен, иако неговите услуги помалку се користат со отворањето на тунелот „Везер“ јужно од Норденхам.
Градот е поврзан со патната мрежа од патот Б212, кој се поврзува со Б437 близу тунелот „Везер“, нудејќи врски до автопатот А27 и А28.
Норденхам е поврзан со регионалните возови и има воз на секој час до Бремен. Се очекува Норденхам да влезе во мрежата на бременската С-Железница, кога ќе биде завршена.
Познати луѓе
уреди- Клаус Деде (1935–2018) — новинар и писател
- Јиргер Ригер (1946–2009) — адвокат и политичар
- Инар Кортер (р. 1955) — политичар
- Толга Џигерџи (р. 1992) — фудбалер
- Толкај Џигерџи (р. 1995) — фудбалер
Галерија
уреди-
Пешачката зона
-
Пред железничката станица во Норденхам
-
Воздушен поглед на тунелот „Везер“
-
Индустриска зона долж Везер
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 10. Januar 2014.
- ↑ „Städtepartnerschaften“. nordenham.de (германски). Nordenham. Посетено на 2021-03-02.
Надворешни врски
уреди„Норденхам“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)