Елово (Леринско)

поранешно село во Леринско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Елеово)

Елово или Елеово (грчки: Ελάτεια, Елатија; ; до 1926 г. Έλλοβον, Еловон[1]) — поранешно село во Леринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лерин во истоимениот округ на областа Западна Македонија, Грција.

Елово
Ελάτεια
Елово is located in Грција
Елово
Елово
Местоположба во областа
Елово во рамките на Лерин (општина)
Елово
Местоположба на Елово во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°40.29′N 21°26.20′E / 40.67150° СГШ; 21.43667° ИГД / 40.67150; 21.43667
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаКучковени
Надм. вис.&100000000000010400000001.040 м
Население
 • Вкупнонапуштено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото било сместено на Которска Река (Белкаменска или Менска Река) на Нередска Планина, 16 км јужно од Лерин.

Историја

уреди

Потекло на името

уреди

Во постаро време ова било македонско село, чии жители го напуштиле заради зулумите на разбојничките банди.[2] Наречено е по елите кои растеле на подрачјето.

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Елово било село во Леринската каза, чии жители биле Албанци-Тоски (Арванити) од христијанска вероисповед,[2] доеселени од Епир на местото на иселените Македонци. Поради неговата близина до поголемото село Бел Камен (кое ја доживеало истата демографска промена), тоа неформално станало негово маало.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Елово е наведено двапати — еднаш како Елево (Elévo), село во Леринската каза со 50 домаќинства и 135 жители Македонци, а вторпат како Елово (Elovo), село во Костурската каза со 40 домаќинства и 130 жители Албанци.[4][5] Првиот податок веројатно е постар, и се однесува на времето кога селото сè уште било македонско.

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Елово живееле 40 Арнаути христијани. Селото било чифлик и населението постојано се иселувало во Лерин, Бел Камен и Негован.[6]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Елово (Elovo) живееле 48 Албанци.[7] Согласно сознанијата на Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Елово се состоело од 6 албански куќи.[2]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 125 жители.[2] Во 1920 г. во него се забележани само 52 жители, веројатно поради постојаните иселувања и војните. За 1928 г. не постои одделна статистика, бидејќи Елово било вброено во Бел Камен. Во 1940 г. бројот на населението закрепнал, и тука живееле 125 лица. Сепак, жителите редовно се иселувале по други места со своите семејства поради нивното занимање — градежништвото.[2]

За време на Граѓанската војна селото наполно настрадало и е напуштено од жителите, кои се преселиле во Бел Каменм каде државата им изградила нови куќи.[2]

Личности

уреди
  • Димитар Касев (Касов, 1892 – 1912) — борец во Првата балканска војна од Костурската соединета чета[8][9]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Έλλοβον -- Ελατιάς
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 153.
  3. „Η Ιστορία της Δροσοπηγής (Μπελκαμένης) Φλώρινας“. Florina History. 18 април 2011. Посетено на 1 јануари 2016.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85 и 110-111.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.250.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  8. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 341.
  9. Силянов, Христо. От Витоша до Грамос, Походът на една чета през Освободителната война - 1912 г., I. изд. Костурско благотворително братство — София, 1920, стр. 584.