Сино знаме
Плажа со сино знаме е морска или езерска/речна рекреациска плажа која што ги исполнува строгите услови за време на целата претходна капачка сезона. Статусот на сино знаме се применува исто така и на марини.
Статусот на сино знаме е доделен на плажи во повеќе од триесет држави во Европа, Јужна Африка, Нов Зеланд, Канада и Карибите, засновајќи се на стандарди и критериуми кои ги определува и раководи независна непрофитна организација, кампањата на фондацијата за образование за околината (англиски јазик: Foundation for Environmental Education).
За да се исполнат критериумите потребни за добивање на статус на сино знаме, потребно е исполнување на стандарди за квалитет на водата, безбедност, обезбедување на услуги како и општо управување на околината. Чистото и безбедно капење е овозможено во околина без кучиња.
Во Европа, стандардите за квалитет на водата се определуваат од страна на директивата за капачки води на ЕК.
Правото на истакнување на сино знаме на плажа или рекреативна водна површина е силен показател на високи стандарди на околината и е многу ценето и наградувано од страна на локалните власти и рекреативните центри на вода.
Во 2008, Шпанија имала 455 плажи со сино знаме, Грција била на второ место со 430, а Турција трета со 258. Грција има најмногу сини знамиња во Средоземното Море.
Надворешни врски
уреди- Кампања на сино знаме
- Сини знамиња по држава Архивирано на 29 мај 2008 г.
- Blue Flag in Greece Архивирано на 29 април 2009 г. (список на 430 плажи) Архивирано на 8 април 2009 г. (грчки)
- Сини знамиња во Италија Архивирано на 14 февруари 2008 г. (214 плажи) (италијански)
- Сини знамиња во Шпанија Архивирано на 27 мај 2009 г. (447 плажи) (англиски)
- Сини знамиња во Ирска Архивирано на 27 јуни 2009 г. (80 капачки зони, 3 марини - 2007) (англиски)
- Список на награди на сино знаме во Англија и Велс; Кликнете на "Blue Flag" (англиски)
- Список на плажи со сино знаме во Шкотска Архивирано на 29 септември 2007 г. (англиски)
- Критериуми за плажи Архивирано на 28 април 2009 г. (англиски)