Битка кај Дренак — воена битка помеѓу македонските партизани и српскиот Вардарски четнички корпус на 10 декември 1943 година, за време на Втората светска војна, во близина на Козјачкото село Дренак.

Битка кај Дренак
Дел од Македонија во Втората светска војна

Борците на Првиот Кумановски Народнослободителен баталјон „Јордан Николов - Орце“
Датум 10 декември 1943
Место Дренок, Козјачија
Исход Победа на македонските партизански сили
  • Четничките сили започнале да го губат влијанието во Козјачијата
Завојувани страни
НОВМ

Царство Бугарија

  • Бугарска полиција
Четници
Команданти и водачи
Христијан Тодоровски - Карпош Стојан Крстевиќ
Сила
120 - 141

40

600 - 900
Жртви и загуби
7 загинати

6 повредени

20 загинати

30 повредени

Заднина

уреди

Зајакнувањето на македонското партизанско движење во Кумановско и брзиот пораст на силите на Народно ослободителната борба не претставувало проблем само за бугарските власти, туку и за српското четничко движење, чии сили во Вардарска Македонија биле најсилни токму во нејзините североисточни предели.[1]

Увидувајќи колку голема пречка за остварување на четничките планови претставувало натамошното јакнење и разгорување на народното востание, во реонот на Козјак и горниот тек на реката Пчиња, во текот на ноември 1943 година, четниците презеле крупни мерки со надеж дека ќе успеат да го уништат кумановскиот партизански одред. Најпрвин четниците извршиле мобилизација таму каде што имале поддржувачи во Кумановско, а подоцна од лесковачкиот крај донеле околу 600 луѓе.[2]

Наспроти нив бил Првиот кумановски баталјон „Јордан Николов-Орце”, формиран само десет дена пред битката и предводен од прочуениот командант и народен херој Христијан Тодоровски – Карпош.[1]

Бидејќи располагале со доволно количество на оружје и муниција, тие се чуствувале, не само посилни, туку и дрско започнале да протураат гласови дека добиле наредба да го очистат козјак од партизаните. Свесен за намерата на четниците и за престојниот судир, Карпош решил неговите сили – околу 150 борци - да го запоседнат селото Дренак, кое пружало добри одбранбени позиции.[2]

За таа цел баталјонот извршил марш од реонот на селото Добрача, преку селата Цвиланце и Аљинце, за да пристигнат во селото Дренак на 9 декември.[2]

Од друга страна, четниците биле групирани во селата Дејловце, Бајловце, Осиче и Жељувино, а нови сили пристигнувале во селото Аљинце.[2]

Кумановскиот баталјон „Орце Николов“ броел околу 141 борец, од кои 16 биле без оружје, додека четничкиот „Вардарски корпус“ поседувал од 600 до 900 добро вооружани и опремени четници.[2]

Битка

уреди
 
Христијан Тодоровски-Карпош со своите воени другари, меѓу кои Ацо Шопов и Вера Јоциќ на Козјак 1943

На 10 декември, околу 7 часот, командантот Карпош ги извел четните раководства и со нив на позициите извршил извидување. По завршеното извидување, околу 8 часот, било заклучено дека баталјонот е опколен од сите страни.[2]

За кратко време баталјонот успеал да организира активна одбрана, а поволни услови за тоа давале камените огради на селските куќи. Со оглед на големата надмоќност што четниците ја имале во борци, оружје и муниција, наредбата на Карпош била да се пука единстевно кон сигурни мети, како би се зачувала муницијата.[2]

Околу 9 часот започнала борбата. На растојание од околу еден километар од партизаните, четниците започнале со својот напад од сите страни на селото. По неколку часовна битка, четниците се доближиле на само неколку метри од првите борбени редови, но биле одбиени од страна на втората чета.[2]

Четниците повеќе пати се обидувале да ги пробијат линиите со јуриш, најпрвин од Здравич Камен кон Дреначката црква, а подоцна од сите страни, но сите напади биле одбивани, а северно од црквата командантот Карпош со 30 одбрани борци на момент преминале и во противнапад.

Меѓувремено четничката Кривопаланечка бригада била нападната од 40-тина бугарски полицајци кои настапиле од правец на селото Ранковце.[1]

Последните четнички напади биле непосредно пред мракот. Со оглед на нивните жртви, тие се повлекле во текот на ноќта. Баталјонот имал 7 загинати и 6 ранети, додека четниците имале 20 загинати и 30 ранети.[1]

По оваа победа угледот на партизаните и на водачот Карпош нагло пораснал, а четничките сили започнале да го губат влијанието во Козјачијата, се до март 1944 кога биле целосно разбиени и дефинитивно се повлекле од територијата на Вардарска Македонија.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2024-10-13.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Ивановски, Никола (2018-09-10). „Битката кај Дренак“. Кумановски Муабети (англиски). Посетено на 2024-10-13.