Дреново (Костурско)
Дреново (грчки: Γλυκονέρι, Гликонери; до 1928 г. Δράνοβο, Драново[1]) — поранешно село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.
Дреново Γλυκονέρι | |
---|---|
Координати: 40°23.3′N 20°55.21′E / 40.3883° СГШ; 20.92017° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Нестрам |
Надм. вис. | 1.050 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во областа Нестрамкол на 27 км југозападно од Костур и на 5 км западно од Нестрам. Лежело во северните пазуви на Грамошта, на десниот брег на реката Бистрица (овде наречена Белица).
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиСелото било македонско, но во немирните години на крајот од XVIII век жителите го напуштиле, а на нивно место се доселиле Грци Качауни (погрчени Власи) од Епир. Се смета дека меѓу нив имало асимилирани Македонци.[2]
На крајот од XIX век Дреново било големо село во Костурската каза. Васил К’нчов во „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 г. го води Дрјаново (Дряново) како село во Костурскатата каза со 240 Македонци и 100 Грци.[3][4] Истовремено во Борботската нахија на Костурската каза тој посочува уште едно Дрјаново со 90 жители Арнаути христијани, кое можеби е денешното Дреново (Дриовуно) во Населичко.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреново-Колоња е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 10 куќи.[6]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дреново има 150 жители Грци и во селото работело грчко училиште, но податоците може да се однесуваат на другото Дреново.[7] Според Георги Константинов Бистрицки Дряново пред Балканските војни се состоело од 15 македонски куќи,[3][8] но според Георги Христов, сите овие куќи биле грчки.[9]
На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Дрјаново е означено како македонско село.[3][10]
Во Грција
уредиЗа време на Балканските војниселото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година во него живееле 114 жители, кои во 1920 г. изнесувале 119 лица.[2] Во 1928 г. селото е преименувано во Гликонери, кога имало 130 жители.[2]
Селото се распаднало за време на Граѓанската војна и отпишано е во 1961 г.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 49 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Родени в Дряново
Наводи
уреди- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 18. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 267. ISBN 954430424X.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 182–183. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 8.
- ↑ Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 198. ISBN 954-90993-1-8.
- ↑ Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
- ↑ 11,0 11,1 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 76. ISBN 978-960-12-1724-6.