Четворицата апостоли
слика од Албрехт Дирер
Четворицата апостоли — слика од германскиот ренеаснсен мајстор Албрехт Дирер. Завршена е во 1526 г.
Четворицата апостоли
Кога Дирер се преселил во Нирнберг, таму насликал голем број на славни слики, меѓу кои и неколку автопортрети. Ја подарил сликата „Четворицата апостоли“ на градскиот совет. Св. Јован и Св. Петар се на левата табла, додека ликовите на десната се Св. Марко и Св. Павле. Јован и Павле држат библии, додека Марко и Петар ја читаат насловната страница на Јовановото евангелие.