Апостол Вартоломеј

(Пренасочено од Свети Вартоломеј)

Свети Апостол Вартоломеј е христијански светец, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос. Се смета дека Вартоломеј и Натанаило се една иста личност. Како Натанаило се споменува единствено во евангелието на апостол Јован, додека во останатите три се споменува како Вартоломеј.

Свети Вартоломеј
Апостол
Роден(а) 1 век, Јудеја (Палестина)
Починал(а) 1 век
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Православна црква
Дравноправославна црква
Англиканска црква
Лутеранска црква
Слава 24 август (Римокатоличка црква)
11 јуни (Православна црква)
Заштитништво Ерменија

Заедно со апостол Филип и неговата сестра Маријамна, а во едно време заедно и со апостол Јован го проповедал евангелието најпрвин во Азија, па во Индија, Ерменија. Во Ерменија заедно со апостол Филип биле затворени. Според верувањата, во градот Јерапол имало некоја опасна змија, која надбожниците грижливо ја хранеле и ѝ се поклонувале како на Бог. Со Божјата молитва, тој, заедно со Свети Вартоломеј таа змија ја усмртиле. Со тоа врз себе го навлекле гневот на помрачените луѓе. Свети Филип бил затворен и распнат на дрво со главата надолу, заедно со Свети Вартоломеј. Тогаш, според верувањата, се отворила земјата и роголтала судијата и мнозина истомисленици како него. Луѓето, исплашени трчале да ги симнат распнетите светци, но успеале да го задржат само Свети Вартоломеј а Свети Филип веќе бил издивнат.

По ова, Свети Вартоломеј отишол во Индија, каде го проповедал евангелието на апостол Матеј, преведувајќи го на индиски јазик. Потоа се вратил во Ерменија, каде христијаните веруваат дека ја спасил ќерката на царот од лудило братот на царот наредил Вартоломеј да биде затворен и распнат на крст, а потоа му ја пресекол и неговата глава. Неговото тело, христијаните го сочувале во оловен сандак. Самиот сандак бил фрлен во морето, кое водата го донела до Липарските острови, каде епископ Агатон го дочекал и го погребал во храмот. Подоцна, моштите биле префрлени во Рим.