Јакоб Фугер (герм. Jacob Fugger; 6 март 145930 декември 1525) — прочуен германски трговец и банкар од семејството Фугер. Важи за еден од најбогатите луѓе во историјата.[1]

Јакоб Фугер
Jacob Fugger
Роден 6 март 1459
Знаме на баварија Аугсбург, Баварија
Починал 30 декември 1525 (на 66 г.)
Татко
Родители Ханс Фугер
Роднини Антон Фугер, внук

Животопис

уреди

Фугер е роден во баварскиот град Аугсбург во Светото Римско Царство како син на ткајач кој таму се преселил на крајот на XV век. Бил трговец како неговите браќа, па научил двојно книговодство во Венеција.

Ја наследил трговската дејност на татка си, па го проширил семејното претпријатие на Јадранот преку Венеција. Кога го прашале дали ќе се пензионира, Фугер одговорил дека ќе продолжи да прави пари сѐ додека не падне мртов. Накратко пред да умре во декември 1525 г. за негов наследник го назначил внукот Антон Фугер. Јакоб Фугер бил мошне познат низ Европа, и го користел своето богатство за зајмување на пари на владетелите. Често давал пари на платени војски за да можат да водат меѓусебни војни.

Во цутот на својот просперитет, семејството Фугер имало насобрано богатство во вредност од 5.100.000 гулдени — поголема сума од 30-те најсилни претпријатија на денешната германска берза заедно.

Избор на Карло V

уреди

Во 1519 г. Фугер му овозможил на Карло V доволна сума пари за да ги поткупи седумте изборни кнезови за да го изгласаат за цар на Светото Римско Царство. Карло го облагородил семејството и му дал суверени права над своите земјишта, меѓу кои и ковање на свои пари. Јакоб го обезбедил и правото да продава папски индулгенции, со што го зголемил своето веќе огромно богатство десетократно.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Jakob Fugger“. The Wall Street Journal.

Надворешни врски

уреди