Македонско лекарско друштво
Македонско лекарско друштво (МЛД) — професионално здружение од областа на здравството основано во 1945. год. како Здружение на лекарите, стоматолозите и фармацевтите. Фармацевтите формирале посебно здружение од МЛД на 12 јули 1947., а стоматолозите на 10.06.200.4 година. Членството се состои од 4.490 лекари (08/2008) организирани во 22 подрачни и 70 специјалистички и субспецијалистички здруженија.
Мисија на МЛД е унапредувањето на медицинската и сродните науки, зачувување и унапредување на достоинството и угледот на лекарската професија, и заштита на интересите на лекарите. МЛД е главен носител на организираната континуирана медицинска образование (КМЕ) и континуиран професионален развој (КПР) во континуитет повеќе од 70 години.
Македонското лекарско друштво со своето над седумдесет годишно дејствување преку генерации на лекари и нивната доброволна и несебична заложба и пожртвуваност, претставува еден од главните столбови на македонското здравство и значаен сегмент во вкупниот општествено-социјален развој на Република Македонија.
МЛД е претходник на Медицинскиот факултет како извор на првиот наставнички кадар на факултетот.
МЛД бил иницијатор за формирањето на Лекарската комора на Македонија.
МЛД е добитник на повеќе награди: 11 Октомвриска , 13 Ноемвриска, Св. Климент Охридски и др.
МЛД е член на Светската медицинка асоцијација WMA, EFMA/WHO, Европскиот форум на лекарски асоцијации, SEEFMA Форумот на лекарските асоцијации од Југоисточна Европа, и повеќе од 40 меѓународни специјалистички асоцијации.
Актуелен Претседател на Македонското лекарско друштво е Доц. д-р Горан Димитров.
Надворешни врскиУреди
- Мрежно место на Македонското лекарско друштво.
Македонско лекарско друштво Лого на МЛД.Кратенка МЛД Основана 12.08.1945. Тип стручна организација (невладина) Седиште ул. Даме Груев бр.3 Место 1000 Скопје, Р. Македонија Членство 4.490 лекари Претседател Доц. д-р Горан Димитров Мреж. место http://www.mld.mk