Џумаја (Солунско)

село во Солунско, Егејска Македонија

Џумаја или Џума (грчки: Μεσαίο, Месео; до 1949 г. Μεσιό, Месио,[2] до 1926 г. Τζουμά, Ѕума[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 533 жители (2011).

Џумаја
Μεσαίο
Џумаја is located in Грција
Џумаја
Џумаја
Местоположба во областа
Џумаја во рамките на Даутбал (општина)
Џумаја
Местоположба на Џумаја во општината Даутбал и областа Централна Македонија
Координати: 40°47.71′N 22°51.80′E / 40.79517° СГШ; 22.86333° ИГД / 40.79517; 22.86333
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаДаутбал
Општ. единицаКалитеја
Надм. вис.&10000000000000125000000125 м
Заедница
 • Население533
 • Површина (км2)29.87
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.545 00
Повик. бр.+30-231x-xxx-xxx
Рег. таб.NAx-xxxx до NXx-xxxx

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Вардарија во Солунското Поле, на левиот брег на реката Галик, од спротива на с. Нареш. Лежи на надморска височина од 125 м.[4]

Историја уреди

Џумаја во минатото била населена со турско население. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Џумаја Маала, Лагадинска каза, живееле 150 Турци.[5]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото било припоено кон грчката држава. Истата година Џумаја имала 106 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ ја завел Џумаја со 10 турски куќи.[4] Во 1920 г. во селото останале само 20 лица.[4] Со Лозанскиот договор, преостанатото население е иселено во Турција, а на негово место се доселени 48 грчки семејства од Понд и едно грчко семејство од Источна Тракија. Според пописот од 1928 г. Џумаја била доселеничко село 150 дојденци (49 семејства).[6][7] Во 1926 г. селото е преименувано во Месио, а во 1949 г. го добило денешното име Месео.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 361 433 447 261 294 427 573 533
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Калитеја со седиште во Градобор, која припаѓа на поголемата општина Даутбал, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Џумаја, каде спаѓаат и селата Даутли и Ени Маала.

Стопанство уреди

Населението се занимава со одгледување на тутун, жито и други земјоделски култури, а делумно е застапено и сточарството.[4]

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μεσιό -- Μεσαίον
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τζουμά -- Μεσιό
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 349.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 171.
  6. Симовски дава бројка од 184 жители за 1928 г.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.