Нареш
Нареш (грчки: Νέα Φιλαδέλφεια, Неја Филаделфија, до 1927 г. Νάρες, Нарес;[2] до 1967 г. Φιλαδελφειανά, Филаделфијана[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 923 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[4]
Нареш Μονόλοφο | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°47.53′N 22°50.26′E / 40.79217° СГШ; 22.83767° ИГДКоординати: 40°47.53′N 22°50.26′E / 40.79217° СГШ; 22.83767° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Даутбал |
Општ. единица | Калитеја |
Надм. вис. | 75 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 923 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 545 00 |
ГеографијаУреди
Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на десниот брег на реката Галик, југоисточно од Горчливото Езеро. Оддалечено е 20 км северно од Солун, крај патот од Солун за Кукуш.[4]
ИсторијаУреди
Во Отоманското ЦарствоУреди
Кај Нареш е откриен Нарешкиот натпис — граничен натпис од X век изрежан во камен столб со кој се означува границата на Византија.
На крајот од XIX век Нареш било чисто македонско село во Солунската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 200 жители, сите Македонци христијани.[5][6]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото Нареш (Nariche) имало 168 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.[5][7]
Во ГрцијаУреди
Селото настрадало во Втората балканска војна од жестокостите на грчката војска, и поради тоа во 1913 г. се води како напуштено. Истата година е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По извесно време, дел од населението се повратило во селото, поради што во 1920 г. се попишани 62 жители.[4] По 1922 г. грчките власти тука населиле грчки колонисти од Мала Азија и Источна Тракија. Во 1926 г. името му е сменето во Филаделфијана. Според пописот од 1928 г. Нареш било етнички мешано (македонско-дојденско) село со вкупно 555 жители,[4] од кои 339 жители (106 семејства) биле дојденци.[8] Во 1967 г. е одново преименувано, овојпат во Неја Филаделфија, по грчкото име (Филаделфија) на местото Алашехир во Турција од каде потекнувале колонистите.
Според пописот од 1961 г. непосредно до селото имало нова дојденска населба со 40 жители, која отпрвин го носела македонското име на старото село, за во 1963 г. да биде преименувана во Дилофо (во прев. „два рида“). На следниот попис не се споменува како населено место бидејќи жителите се иселиле.[4]
НаселениеУреди
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 642 | 713 | 775 | 446 | 532 | 716 | 826 | 923 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νάρες -- Φιλαδελφειανά
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Φιλαδελφιανά -- Νέα Φιλαδέλφεια
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 333.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 218-219.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.