Антуполи
село во Солунско, Егејска Македонија
Антуполи (грчки: Ανθούπολη), порано Антокипи (Ανθόκηποι) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот округ, Централна Македонија, Грција.
Антуполи Ανθούπολη | |
---|---|
Координати: 40°43.1′N 22°57.30′E / 40.7183° СГШ; 22.95500° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Даутбал |
Општ. единица | Мигдонија |
Надм. вис. | 140 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 221 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 545 |
Повик. бр. | 23940–73 |
Географија
уредиСелото се наоѓа во северниот дел на Солунското Поле, на 2 км источно од Даутбал. Лежи на превојот Дервент, крај патот Солун-Лагадина (А2).[2]
Историја
уредиСелото е нова населба, за првпат спомната во 1971 г. кога во неа е попишан 1 жител.[2] Сè до 2001 г. го носела името Антокипи.[3]
Знаменитости
уредиНепосредно јужно од селото е археолошкото наоѓалиште Дервент каде е откриена некрополата на древномакедонскиот град Лете.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | 1 | 318 | 333 | 189 | 221 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 310. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ „Διοικητικές Μεταβολές Οικισμών“. ΕΕΤΑΑ. Посетено на 14 февруари 2019.