Даутли (Солунско)
Даутли (грчки: Μονόλοφο, Монолофо; до 1926 г. Δαουτλή, Даутли[2])— село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината истоимената општина во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 370 жители (2011).
Даутли Μονόλοφο | |
---|---|
Координати: 40°48.11′N 22°54.28′E / 40.80183° СГШ; 22.90467° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Даутбал |
Општ. единица | Калитеја |
Надм. вис. | 240 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 370 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 545 00 |
Географија
уредиСелото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на левиот брег на реката Галик. Се наоѓа на помалку од 3 км североисточно од Џумаја, северно од Солун, а јужно од Кукуш.[3]
Историја
уредиСè до 1920-тите селото Даутли било населено со Турци.[3]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 86 жители, сите Турци. Во овој период, во својот патописен попис Боривое Милоевиќ го завел како село со 10 турски куќи, а во 1920 г. се попишани само 26 жители, што укажува на тоа дека пострадало во Првата светска војна.[3] Во 1924 г. населението е иселено во Турција согласно Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти, и тоа 29 семејства од Понд и 4 семејства од Источна Тракија. Во 1928 г. Даутли било наполно дојденско село со 123 жители од 35 семејства.[4] Во 1926 г. селото е преименувано во Монолофо.
Населението на Даутли доживеало нагол пораст почнувајќи од пописот во 1961 г. бидејќи кон него почнало да се брои населението на селото Прнар, кое потоа е напуштено.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 191 | 135 | 442 | 329 | 322 | 446 | 448 | 370 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δαουτλή -- Μονόλοφο
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 316.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.