Либенбург (германски: Liebenburg) — општина во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Либенбург
Поглед на Либенбург
Поглед на Либенбург
Поглед на Либенбург
Грб на Либенбург
Либенбург во рамките на Германија
Либенбург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гослар
Месни единици 10
Градоначалник Алф Хесе (СДП)
Основни податоци
Површина 78,73 км2
Надм. височина 128 м
Население 7.658 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 97 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GS
Пошт. бр. 38704
Повик. бр. 05346
Портал www.liebenburg.eu
Местоположба на Либенбург во рамките на округот Гослар
Карта
Карта
Координати 52°01′27″N 10°26′2″E / 52.02417° СГШ; 10.43389° ИГД / 52.02417; 10.43389

Географија

уреди

Општината се наоѓа северно од планинскиот масив Харц, во рамките на источните Залцгитерски ридови на Висорамнините Инерсте. Се граничи со окружното административно седиште, градот Гослар, околу 12 километри на југ; на север се граничи со градот Залцгитер и општината Шладен-Верла во округот Волфенбител.

Општински единици

уреди

Општината се состои од Либенбург (со 2.308 жители[2]) и следниве девет села, кои биле вклучени на 1 јули 1972 година:

  • Дернтен (1.326 жители) со Кунигунде
  • Грос Дерен (908)
  • Хајсум (312)
  • Клајн Дерен (438)
  • Клајн Манер (375)
  • Нојенкирхен (233)
  • Остхаринген (249)
  • Отфрезен (2.064) со Хајмероде и Постхоф
  • Упен (358)

Историја

уреди
 
Замок во Либенбург

Археолошките ископувања на гробови означуваат дека населувањето на областа започнало во доцниот неолит.

Поранешните саксонски поседи во 1235 година припаднале на територијата на новосоздадената Хилдесхајмска епископија.

Од 1292 до 1302 година, кнезот-епископ Зигфрид II Кверфуртски изградил замок на Залцгитерските ридови, близу неговите епископски поседи кои се граничеле со Кнежевството Брауншвајг-Волфенбител. Од 1366 година бил заложен од неговите наследници на граѓаните на Брауншвајг, кој бил важен за обезбедување на трговскиот пат до царскиот град Гослар.

Замокот бил освоен од војводата Хајнрих V од Брауншвајг-Волфенбител по конфликтот со епископијата во 1523 година и привремено служел како скриена резиденција на неговата љубовница Ева фон Трот. Католичкиот војвода потклекнал пред протестантскиот Шмалкалдски сојуз, чии трупи навлегле во поседите на Брауншвајг од 1542 година до нивниот конечен пораз во 1547 година при Битката кај Милберг. Во текот на Триесетгодишната војна, упориштето било користено како седиште на царскиот генерал Албрехт фон Валенштајн во 1625 година, било окупирано од шведските трупи во 1633 година и повторно освоено од царската војска во 1641 година.

Со мировниот договор од 1643 година со војводите на Брауншвајг, тешко оштетениот замок бил вратен на Хилдесхајм, додека работници и занаетчии живееле во неговите бедеми. Епископите на Хилдесхајм го промовирале за населување со католички семејства. Самиот замок бил делумно повторно изграден во барокен стил по налог на кнезот-епископ Клеменс Август од династијата Вителсбах додека изградбата не била прекината поради Седумгодишната војна во 1756 година. Откако епископијата била конечно секуларизирана во 1802 година, Либенбург потпаднал под власт на Кралството Хановер во 1814 година.

Население

уреди
 
Движење на населението
Година Жители
1821 4.464
1848 5.710
1871 5.737
1885 5.727
1905 6.535
1925 6.375
Година Жители
1933 6.167
1939 8.206
1946 13.208
1950 13.700
1956 12.279
1961 11.687
Година Жители
1968 11.143
1970 10.982
1975 10.405
1980 9.851
1985 9.502
1990 9.655
Година Жители
1995 9.803
2000 9.693
2005 9.431
2010 8.777
2011 8.620

(од 1968 г. бројките на жители се одредувале на 31 декември)[3]

 
Општинското собрание

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „Population statistics, municipality of Liebenburg - 01.05.2014“. Архивирано од изворникот на 2014-02-01. Посетено на 2015-10-11.
  3. Долносаксонска служба за статистика. „Bevölkerungsfortschreibung“ (германски).

Надворешни врски

уреди