Лутер на Баренберге

Лутер на Баренберге (германски: Lutter am Barenberge) — општина во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Лутер на Баренберге
Црква „Св. Ѓорѓи“ во Лутер на Баренберге
Црква „Св. Ѓорѓи“ во Лутер на Баренберге
Црква „Св. Ѓорѓи“ во Лутер на Баренберге
Грб на Лутер на Баренберге
Лутер на Баренберге во рамките на Германија
Лутер на Баренберге
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гослар
Општ. заед. Лутер на Баренберге
Месни единици 3
Градоначалник Карин Реслер-Брант (СДП)
Основни податоци
Површина 33,29 км2
Надм. височина 165 м
Население 2.443  (30 јуни 2006)
 - Густина 73 жит/км2
Основано 956
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GS
Пошт. бр. 38729
Повик. бр. 05383
Портал www.sg-lutter.de
Местоположба на Лутер на Баренберге во рамките на округот Гослар
Карта
Карта
Координати 51°59′24″N 10°16′16″E / 51.99000° СГШ; 10.27111° ИГД / 51.99000; 10.27111

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Географија

уреди

Се наоѓа помеѓу планинскиот масив Харц на југ и ридовите Хајнберг на север, околу 13 километри северозападно од градот Гослар. Општината се состои од три општински единици: Науен, Остлутер и Лутер.

Историја

уреди

Лутер, именуван по блискиот поток, бил основан од царот Отон I во 956 година како дел од поседите на Гандерхајмскиот манастир во рамките на Војводството Саксонија. Воден замок бил првпат споменат во 1259 година, изнајмен од Хилдесхајмската епископија на локалните благородници. Во различни периоди бил преземан од војводите на Брауншвајг-Линебург и повторно освојуван од хилдесхајмските епископи во 1323 година. Со тоа се појавила ознаката „Бишофслутер“ (Bischofslutter) за да се разликува од соседниот Кенигслутер. Името „Лутер на Баренберге“ се споменува од XIV век.

Во борбата помеѓу Брауншвајг-Линебург и Хилдесхајм од 1523 година, Лутер бил повторно освоен од војводата Хајнрих V од Брауншвајг и кнезот-епископ Јован IV можел само да го задржи местото Остлутер. Во текот на Триесетгодишната војна, данските трупи под водство на кралот Кристијан IV престојувале во замокот Лутер, каде биле поразени од царските и католичките сили предводени од Тили во Битката кај Лутер (1626 г.), битка која го променила текот на војната.

По Виенскиот конгрес, поранешниот посед на Хилдесхајм Остлутер во 1815 година припаднал на Кралството Хановер (пруска Покраина Хановер од 1866 г.), додека Лутер останал во Војводството Брауншвајг. Обата дела не биле обединети до административната реформа во 1941 година.

Население

уреди
Година Жители
1821 1.840
1848 2.557
1871 2.618
1885 2.721
1905 2.558
1925 2.205
Година Жители
1933 2.245
1939 2.209
1946 3.873
1950 3.795
1956 3.197
Година Жители
1961 2.956
1968 2.792
1970 2.812
1975 2.681
1980 2.588
Година Жители
1985 2.584
1990 2.612
1995 2.541
2000 2.529
2005 2.409

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди