Горица (Виница)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Горица

Карта

Местоположба 41°52′58″N 22°30′33″E / 41.88278° СГШ; 22.50917° ИГД / 41.88278; 22.50917
Основни податоци
Место Виница
Општина Виница
Тип

 населба  базилика


Период римско време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Горицанаселба од доцноантичко време и старохристијанска базилика. На 1,5 километри северозападно од градот Виница, на една тераса што благо се спушта кон левиот брег на Брегалница, со простор од околу 1 хектар, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.

Од 1984 до 1989 година Музејот на Македонија вршел заштитни ископувања при што се откриени темели од помала трикорабна базилика со нартекс и две странични простории, како и остатоци од темели од други објекти. Ѕидовите од базиликата се зачувани во темелните партии, наместа до 1 метар висина, и се градени од речен и кршен камен со варов малтер. Со ископувањата се откриени фрагменти од убава архитектонска и пластика работена во камен (крстови, гулаби и други христијански мотиви).[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069