Бановски Ниви (Виница)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Бановски Ниви“
| |
Местоположба | 22°30′33″N 41°52′58″E / 22.50917° СГШ; 41.88278° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Виница |
Општина | Виница |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Бановски Ниви — археолошко наоѓалиште во Виница. Претставува осамен наод од железното време. Во почетокот на 80тите години на XX век жител на Виница купил питос од непознати лица. Питосот бил пронајден при ископ за изградба на пат на место што се наоѓа до дворот на Основното училиште „Славчо Стојменски“ во Виница. Инаку во дворот на училиштето постои исто така археолошко наоѓалиште „Ила“, каде во 70-тите години на XX век била откопана и бронзена фибула од типот на еднојазолни лачни фибули со плочеста нога. Во 2017 година, семејството што го поседувал питосот го подарил на виничкиот музеј.[1]
Поврзано
уреди- Виница — средновековна населба;
- Пазариште — населба од римското време;
- Виничко кале — утврдена населба од доцноантичкото време;
- Горица — населба од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; и
- Ила — некропола од железното време.
Наводи
уреди- ↑ „Семејството Саздови донираше питос во Музејот „Теракота" во Виница“. Архивирано од изворникот на 2017-07-31. Посетено на 2017-07-28.
Оваа статија поврзано со археологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |