Министер без ресор
Министер без ресор — владин функционер кој не раководи со конкретно министерство или кој нема строго определени обврски. Ова место е вообичаено за држави каде на власт е коалициска влада, во која министерот иако нема ресор сепак неговиот глас се зема предвид при носење одлуки на Владата. Во држави каде има мнозинска влада или претседателски систем како на пример во САД, оваа функција е невообичаена.