Горан Главчев (роден на 19 јуни 1993 во Гевгелија) — македонски кошаркар кој настапувал за Академија ФМП.

Горан Главчев
ПозицијаБек
Висина1,91 м
Тежина81 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубАкадемија ФМП
Роден19 јуни 1993(1993-06-19)(31 г.)
Гевгелија, Македонија
НационалностМакедонец
Проф. кариера2007–
Клубови
2007-2016Кожув
2013-2014Македонија Млади (позајмица)
2016Младост
2016-2017Кожув
2017–2019Блокотехна
2017Радовиш (позајмица)
2019-2020Работнички
2020–Академија ФМП
Репрезентација
Инфо од: 21.09.2020.

Клупска кариера

уреди

Горан Главчев ја имал започнато кошаркарската кариера во родниот гевгелиски Кожув кој се натпреварувал во Втората лига.[1][2] Кожув, заедно со Главчев, го освоиле второто место во Втората лига на сезоната 2010/11 и со тоа оствариле унапредување во Првата лига.[3] Горан Главчев, сега како прволигашки играч, продоложил да игра Кожув за во сезоната 2011/12.[4] Во сезоната 2012/13, Главчев со Кожув станал вицепрвак во Лигата.[5] Главчев во Кожув продолжил да игра и во сезоната 2013/14.[6] Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига.[7] Во сезоната 2014/15,[8] Горан како играч на Кожув станал вицепрвак во Купот 2015. Во Кожув останал и во сезоната 2015/16.[9] Сезоната 2016/17 ја започнал во српски Младост од Земун,[10] Но во декември истата година, се вратил во Кожув.[11] Но и таму не останал долго, и во јануари 2017 година, преку новооснованиот клуб Блокотехна, бил пратен во второлигашот Радовиш.[12] Откако Радовиш обезбедил пласман во Првата лига и откако Радовиш му го отстапил местото на Блокотехна, Главчев се вратил во новиот прволигаш за идната 2017/18.[13][14] За сезоната 2018/19, Главчев продолжил во редовите на Блокотехна.[15] Со Блокотехна, Главчев ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Главчев со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. Во јули 2019 година, во Горан Главчев се преселил во Работнички за сезоната 2019/20.[16][17] Во февруари 2020, Главчев се преселил во Академија ФМП.[18]

Успеси

уреди

Титули

уреди

  Блокотехна НБ

уреди

Признанија

уреди
  • Почесно споменување во сезоната 2017/18[19]
  • Почесно споменување во сезоната 2018/19[20]
  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[21]

Наводи

уреди
  1. „KK Kozuv 2007-2008“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
  2. „KK Kozuv 2009-2010“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
  3. „KK Kozuv 2010-2011“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
  4. „KK Kozuv 2011-2012“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
  5. „KK Kozuv 2012-2013“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
  6. „KK Kozuv 2013-2014“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  7. „Karpos - Reprezentacija 60:75“. Македонска Кошаркарска Федерација. 15 октомври 2013. Архивирано од изворникот на 2014-03-26. Посетено на 14 август 2018.
  8. „KK Kozuv 2014-2015“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  9. „KK Kozuv 2015-2016“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  10. „Главчев тргна со „тројка" и несреќен пораз“. sportmedia.mk. 9 октомври 2016. Посетено на 4 август 2018.
  11. „Горан Главчев повторно во редовите на Кожув“. ekipa.mk. 18 декември 2016. Архивирано од изворникот на 2020-08-15. Посетено на 4 август 2018.
  12. „Кожув остана без Главчев“. sportmedia.mk. 31 јануари 2017. Посетено на 4 август 2018.
  13. „Блокотехна – нов кошаркарски прволигаш“. ekipa.mk. 3 јули 2017. Посетено на 4 август 2018.
  14. „Блокотехна би играла во втората АБА лига“. sportmedia.mk. 3 јули 2017. Посетено на 4 август 2018.
  15. „Блокотехна потпиша со тројца македонски играчи“. ekipa.mk. 12 јули 2018. Посетено на 4 август 2018.
  16. „Работнички го потпиша првото засилување“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 22 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-24. Посетено на 24 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „Главчев прв со потпис за Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 22 јули 2019. Посетено на 24 јули 2019.
  18. „Главчев го напушти Работнички, но останува во Скопје“. ekipa.mk преку web.archive.org. 21 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  20. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди