Гаваљанци
Гаваљанци или Гаваланци (грчки: Βαλτούδι, Валтуди; до 1927 г. Γκαβαλιάν, Гаваљан, Γκαβαλιανοί, Гаваљани[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Сè Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]
Гаваљанци Βαλτούδι | |
---|---|
Координати: 41°2.34′N 22°41.42′E / 41.03900° СГШ; 22.69033° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Ругуновец |
Надм. вис. | 60 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 27 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во областа Бојмија, на 14 км североисточно од градот Ругуновец.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо османлиските даночни дефтери на Кукушката каза од 1619-1620 г. селото се води под името Говалљан со 60 даночно обврзани христијански домаќинства.[4]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Гаваљанци (Gavaliantzi) било село во Кукушката каза со 35 куќи сочинети од 190 жители Македонци.[5][6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Гаваљанци било село со 164 жители Македонци.[5][7]
На почетокот на XX век целото население на Гаваљанци било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Гаваљанци (Gavaliantzi) имало 176 Македонци егзархисти и во селото работело бугарско училиште.[8]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Гаваланци имало 30 куќи на Македонци христијани.[9]
Во Грција
уредиВо Втората балканска војна (1913) населението го напуштило селото при настапувањето на грчката војска, бегајќи во Вардарска Македонија. Селото било припоено кон Грција. На нивно место се доселиле 32 лица од Струмичко, колку што имало селото на пописот од 1913 г.[3] По Првата светска војна доселениците се вратиле во нивните села, па така во 1920 г. во Гаваљанци се попишани само 20 жители.[3]
Малку подоцна земјиштето било откупено до големопоседникот Зутос кој денес располага со 600 хектари, обработувани со современа механизација. Во 1928 г. поседот имал население од 59 жители.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 61 | 75 | 62 | 52 | 70 | 69 | 60 | 27 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Родени во Гаваљанци
- Илија Дилберов (Дилбер Илија) (1877 – 1962) — револуционер, деец на ВМОРО, борец во МОО
- Георги Наков Парадов (1866 – 1938) — војвода на ВМОРО, борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIII Кукушка дружина[10]
- Никола Сатиев (1880 – ?) — војвода на ВМОРО, борец во МОО
- Христо Георгиев (1884 – ?) — четник на Аргир Манасиев,[11] борец во МОО, Кукушка чета, Нестројна рота на XIII Кукушка дружина[12]
- Христо Стаменов — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[13]
- Георги Мицов (Гоне Мацов, 1884/1886 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, I чета на XIII Кукушка дружина[14]
- Иван Манолов (1882 – ?) — борец во МОО, I чета на III Солунска дружина[15]
- Јордан Тачев (1884 – ?) — борец во МОО, II чета на XIII Кукушка дружина, Зборна партизанска чета на МОО[16]
- Мирче Костов (1892 – ?) — борец во МОО, III Солунска дружина, носител на бронзен медал[17]
- Христо Пецев (1882/1884 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIII Кукушка дружина[18]
- Починати во Гаваљанци
- Михаил Апостолов - Попето (1871 - 1902) — револуционер
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 79. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 273.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 160–161. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 166. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 98–99.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 32.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 538. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 172. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 107.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 465. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 421. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 696. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 373. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 569. ISBN 954-9800-52-0.