Влатко Петров (Чардаклија, Штип, 23 јули 1977Ваксинце, Кумановско, 3 мај 2001) бил македонски бранител, припадник на Скорпионите при АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 3 мај 2001 заедно со Димитар Двојаковски во Ваксинце.[1]

Влатко Петров
23.07.1977 – 03.05.2001 (23 г.)

Петров во текот на војната 2001 година
Роден во:Чардаклија, Штип, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Ваксинце, Кумановско
Служба во:Македонија Македонија
Единици:Скорпиони при АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Животопис

уреди

Живот и војната 2001 година

уреди

Влатко Петров е роден на 23 јули 1977 година во штипското село Чардаклија. Се школувал за текстилен работник, но повремено работел и како келнер по кафулињата во Штип. Во крајот на мај 2001 година закажал свадба, но до таа не дојде. Влатко го опишуваат како храбро момче, кое се определи да му служи на својот народ и земја. Веруваше дека на тој начин ќе ја изврши патриотската задача.[2] Влатко имал еден постар брат, Коце, кои после неговата смрт се вработил како затворски чувар во Штип. На 4 јануари 2016, Коце и уште еден чувар загинуваат откако нивното возило излетало од патот, паѓајки во коритото на реката Брегалница. Семејството Петрови од Чардаклија за 14 години ги изгубија двата сина.[3]

Во чест на Влатко, во Штип е поставен споменикот на бранителите. На споменикот ги има сите македонски бранители кои се по потекло од Штип. На 13 март 2012 година, споменикот во чест на штипските бранители е искршен од вандали. Нејасно е кој стои зад овој вандалски чин. Се претпоставува дека балистите, навивачката група на ФК Шкендија Тетово, која тој викенд имала натпревар со ФК Брегалница Штип, стојат зад злоделото.[4] Влатко Петров посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[5]

Заседа Ваксинце – 3 мај 2001

уреди
 
Гробот на Влатко Петров во штипското село Чардаклија.

Влатко како и неговиот соборник Димитар Двојаковски беше на позициите во Кумановско. На трагичниот ден, во рамките на граничните единици беа на теренот кај Ваксинце. Смената им почна на 2 мај во 6 часот и требаше, откако ќе пристигне замената, туку без никаква замена да се нареди повлекување во 5 часот. И групата и нивните претпоставени знаеле дека низ Ваксинце има поставено барикади. Кога возилото од 7 војници стасале до првата барикада, водникот им се јавил на своите претпоставени. Меѓутоа, оттаму не добиле дозвола да се повлечат, туку да продолжат низ селото. Очигледно некому му требало да демонстрира некаква сила и тоа со необезбедена патрола. Или можеби, наредбата има друга заднина. Како и да е, момчињата ја послушале наредбата и продолжиле.[6]

Кога ја минале барикадата, навлегувајќи во селото, веднаш влегле во осило од терористи. Се нашле сардисани од сите страни и немале можност за борба, бидејќи се враќале од позиции и биле во возилото. Од друга страна, настанот укажува и на карактерот на терористите. Ако веќе претпочитаат борба, тогаш зошто не се бореле додека момчињата биле на позиција, туку ги чекале кришум, во заседа. Ова го спомнувам не толку за терористите колку за нашата тактика во сета оваа војна. Проблемот требаше и можеше да биде разрешен уште во Танушевци. Ние моравме да си ја сочуваме границата и ние терористите да ги чекаме во заседа, а не да им дозволиме да влезат длабоко во земјата и тие нас да не дочекуваат и ликвидираат во разни заседи. Но тоа е друга приказна. И такви работи по правило се случуваат кога политичарите водат војна, а војската води политика.

Трет елемент укажува и на една сосема понаква спрега е фактот што терористите биле убедени дека го убиле таткото на Димитар, Јане Двојаковски, кој бил полковник во АРМ. Терористите на ОНА во својот прв извештај велат дека е убиен висок офицер на АРМ. Очигледно мислеле дека ме убиле мене, а не мојот син. Значи акцијата е водена без евиденција, без стратегија, без план кога и како да се дејствува. Во тој контекст, криво ми е што во врска со настанот, и не само со него, не бевме примени јас и повеќе мои колеги ниту од Претседателот Трајковски, ниту од премиерот ниту од Претседателот на Собранието. Не мора да не послушаат, но човечки беше да не слушнат, бидејќи имавме што да кажеме - вели полковникот (†2005), додавајќи дека точно ги знае сите што учествувале во убиството на неговиот син Димитар Двојаковски и Влатко Петров.[7]

Во врска со нападот на транспортерот во Ваксинце интересен е и податокот дека во него учествувале 60-тина терористи од селото на чело со сопственикот на колонијалната продавница и уште 30-тина терористи од Косово. Во самиот почеток, учествувале десетмина, но по влегувањето на траспортерот, бројката на учесниците постојано се зголемувала. Практично врз седуммината се пукало од сите страни. Подоцна, двајца од терористите се заробени и тие даваат комплетна слика за командантите, извршителите и за самиот настан.

Во заседата биле Беќир Сакипи (командант), Адем Халили (снајперист), Заим Халили, Блерим Авдиљи, Скендер Халили (командант „Скендери“), Заим Авдиљи, Севдаиљ Нуредини (снајперист), Насер Авдиљи, Арсим Османи, Буредин Лимани (снајперист), Арџент Авдиљи, Исмет Салиу (снајперист), Нехат Авдиљи, Ќани Рамадани (осматрач) и Ќани Рамиз, сопственик на продавницата „Гури-мовит“ II или „Син Камен“ во Ваксинце. Последниот ја издал наредбата за дејствување по одобрение на командантот „Шкупи“ од Слупчане.[8] Поставената „дрљача“ била главната препрека поради која транспортерот бил оневозможен да го продолжи патот за Куманово. Тука следувала канонадата од разни оружја и убиството на Петров и Димитар Двојаковски.

Наводи

уреди
  1. „Уште двајца убиени војници, еден киднапиран, АРМ удри по терористите кои прогласија слободна територија“. Вест. 5 мај 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2015-02-12.
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 96 – 98.
  3. „ШТИП И ЧАРДАКЛИЈА СЕ ПРОСТИЈА ОД ЗАТВОРСКИТЕ ЧУВАРИ ШАЛЕВ И ПЕТРОВ“. Утрински весник. 3 мај 2013. Посетено на 2016-10-28.[мртва врска]
  4. „Вандали ги осквернавија спомениците на бранителите и на борците во Штип“. Нова Македонија. 13 март 2012. Посетено на 2015-02-12.[мртва врска]
  5. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.
  6. „12 години од трагичното загинување на Петров и Двојаковски“. Сител. 3 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-05-06. Посетено на 2015-02-12.
  7. „Штип во спомен за своите војници кои 2001 г. загинаа во Ваксинце“. Алфа ТВ. 3 мај 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2015-02-12.
  8. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 93 – 96.