Упленген (германски: Uplengen) — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Упленген
Општинското собрание во Ремелс
Општинското собрание во Ремелс
Општинското собрание во Ремелс
Знаме на Упленген
Грб на Упленген
Упленген во рамките на Германија
Упленген
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Лер
Месни единици 19
Градоначалник Хајнц Трауернихт (ДХС)
Основни податоци
Површина 149 км2
Надм. височина 6 м
Население 12.091 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 81 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LER
Пошт. бр. 26670
Повик. бр. 0 49 56 / 0 44 89
Портал www.uplengen.de
Местоположба на Упленген во рамките на округот Лер
Карта
Карта
Координати 53°16′0″N 7°45′0″E / 53.26667° СГШ; 7.75000° ИГД / 53.26667; 7.75000

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Упленген се наоѓа во североисточниот дел на округот Лер во областа Источна Фризија во германската сојузна покраина Долна Саксонија. Во рамки на Источна Фризија, таа е една од најисточните општини, која се наоѓа на самата окружна граница со соседните окрузи Фризија и Амерланд и со тоа на самата историска граница помеѓу Источна Фризија и Олденбуршки крај.

Главното место Ремелс се наоѓа точно 20 километри источно од градот Лер. Градот Аурих се наоѓа околу 25 километри северозападно од Ремелс. Три големи градови се наоѓаат на исто растојание од главното место на општината: Вилхелмсхафен се наоѓа околу 34 километри североисточно од Ремелс, Олденбург (на југоисток) и Емден (на северозапад) се оддалечени околу 36 километри.

Општината се наоѓа во областа на историскиот предел Ленгенерланд. Со површина од 148,81 км² таа е една од најголемата општина во округот Лер и шеста најголема во Источна Фризија.

Соседни општини

уреди

Општината се граничи на запад со општинските заедници Хезел и Јиме (обете во округот Лер), на север со општината Гросефен и со градот Висмор (обете во округот Аурих), како и општината Фридебург (округ Витмунд), на исток е општината Цетел (округ Фризија) и на југ е општината Апен и градот Вестерштеде (округ Амерланд). Упленген е единствена општина во Источна Фризија, која се граничи со четири окрузи.

Општински единици

уреди

Општината Упленген е составена од 19 единици (во заградите се бројот на жители од 2011 година[2]):

  • Бирен (267)
  • Гросолдендорф (687)
  • Гросзандер (416)
  • Холен (1170)
  • Јиберде (532)
  • Клајнолдендорф (174)
  • Клајн-Ремелс (176)
  • Клајнзандер (118)
  • Мајнерсфен (464)
  • Нојдорф (327)
  • Нојфирел (393)
  • Нордгеоргсфен (832)
  • Олтмансфен (535)
  • Погхаузен (198)
  • Ремелс (3389)
  • Зелферде (592)
  • Шполс (131)
  • Штапел (506)
  • Зидгеоргсфен (589)

Средиште на општината е Ремелс, а со повеќе од 3.300 жители е најголемо место во општината.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „Bürgerinformationsbroschüre Uplengen-Info 2012“. uplengen.de. стр. 7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-02-11. Посетено на 2022-02-03.

Надворешни врски

уреди