Винка Саздова (Стрезовце, 10 август 1956) — македонска писателка и основач на Издавачкиот центар ТРИ во Скопје.[1]

Винка Саздова
Роден/а10 август 1956(1956-08-10)(68 г.)
Стрезовце, НР Македонија, ФНРЈ
ЗанимањеПисател
НационалностМакедонка
НародностМакедонка
Апсолвент наФилозофски факултет - Скопје

Животопис

уреди

Винка Саздова е родена на 10 август 1956 година во Стрезовце, Македонија . На Филозофскиот факултет во Скопје дипломирала на отсекот Психологија. Била вработена како новинарка во редакцијата за култура на дневниот весник „Вечер“, уредничка за култура на весникот „Република“. Потоа работела како соработник во издавачката куќаКултура“, како директор и главен уредник на издавачката куќа „Зумпрес“. Таа го основала „Издавачкиот центар Триво 1999 година и била негов главен уредник десет години.[1]

Творештво

уреди

Со книжевност почнала да се занимава од 2009 година. Ги објавила романите (Последниот чај, 2009), Полиња со диви нарциси, 2011, Понекогаш доаѓа среќа, 2013, Луна, 2015 и Вилино, 2019. Двапати била прогласена за најчитана авторка: во 2012 година од НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје. Моментално живее и работи во Скопје и Охрид.[1] Нејзините дела се преведени на српски, хрватски и бугарски.[2]

Приватен живот

уреди

Винка Саздова е во брак со Славко повеќе од четири децении и со него има три сина, Александар, Бојан и Љубомир.[3]

Библиографија

уреди

Романи

уреди

Книги за деца

уреди

Награди

уреди

Винка Саздова двапати била прогласена за најчитана авторка, во 2012 и во 2014 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Винка Саздова“. shop.kniga.mk. Посетено на 8 јули 2023.
  2. „„Мојот живот, мојот свет": Винка Саздова (2)“. publicitet.mk. Архивирано од изворникот на 2023-07-08. Посетено на 8 јули 2023.
  3. „„Мојот живот, мојот свет": Винка Саздова“. publicitet.mk. Архивирано од изворникот на 2023-07-08. Посетено на 8 јули 2023.

Надворешни врски

уреди