Ти носам пустински песок

„Ти носам пустински песок“ — епистоларен роман на македонската писателка Винка Саздова, првобитно објавен во 2021 година до издавачката куќа „Три“.

Осврт кон делото

уреди

Фабулата во романот е прикажана преку писмената преписка меѓу две деца, Стела и Сани, кои авторката ги опишува како една душа во две тела, иако живеат далеку: Стела во Дубаи, а Сани во Скопје. Тие се приближуваат кон пубертетот, но иако се мали, веќе се свесни за содржината на детскиот свет и за своите права во светот на возрасните. Идејата на романот е дека животот е во постојано движење, зашто никој не се вратил во своето детство, ккао што никој не остарел двапати. Притоа, авторката го зема Дубаи како симбол на менливоста и минливоста.[1]

Наводи

уреди
  1. Трајче Кацаров, „Јасти тијас“, Современост, број 3, 2023, стр. 121-122.